22:42 - 8 април, 2026

Викторија Бекам заведува на насловната на „Вог“: Голо рамо, подигнат фустан… (ФОТО)

Откако престана да биде членка на познатата група „Спајс Грлс“, Викторија Бекам се посвети на градењето на сериозна дизајнерска кариера. Во нејзиниот стил секогаш преовладува сериозното и деловното, но и префинетото.

Нејзиното издание на насловната на „Вог“ пријатно ги изненади сите, а таа веднаш заработи илјадници комплименти.

Бекам на самата насловна позира во префинет и елегантен фустан со кралско сина боја со еден ракав во кој изгледа како грчка божица.

Фустанот го потпишува грчкиот бренд „Zeus + Dione“, што е за Викторија прилично неочекуван избор, бидејќи навикнати сме да ја гледаме исклучиво во парчиња на својот бренд. Викторија Бекам на насловната страница ја прикажала својата моќ, женственост, карактер, но и префинетост, со што буквално потсетува на божица.

Викторија Бекам (45) која е мајка на четири деца ги покажала фантастичните нозе во жешки кратки пантолони со боја на цигла кои ги искомбинирала со гламурозна кошула во истата сина нијанса на фустанот од насловната.

Ова за неа нетипично голо издание ги воодушеви нејзините фанови кои на социјалната мрежа ја опсипаа со комплименти.

Слични објави

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Целта на Артемис 2 е трајно присуство на човекот на Месечината – што би значело тоа за човечкото тело?

Т.Ц.

10 необични велигденски обичаи од светот за кои веројатно никогаш не сте слушнале

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....