22:30 - 3 ноември, 2026

Треба ли да ве загрижуваат еротските сонови со вашиот шеф?

На многумина се случило да се разбудат со неверување дека имале еротски сон во кој се појавил нивниот шеф или шефица.

На ваквите сонови не реагира секој исто, на некого тоа му измамува само насмевка, но има луѓе кои после тоа им е непријатно да се поздрават со шефот, бидејќи никако не можат да го исфрлат сонот од глава.

Оваа ситуација не е невообичаена и нема причина да се чуствувате непријатно на работа, бидејќи сонот на крајот не бил со вашиот шеф, пишува „Гардијан“.

Кога ги сонуваме луѓето што ги познаваме, тие претставуваат симбол на некој или нешто. Запрашајте се: Што ми претставува мене шефот? Ако ми претставува авторитет, тогаш сонот може да значи скриена мечта да ја превземете контролата над сопствениот живот.

– Дури и сексуалниот аспект на вашиот сон не мора да се сфати дека има еротиска позадина или интересирање за некого. И реалната сексуална желба може да се сокрие во потсвеста. Истражувањата покажале дека суптилните знаци на додворување, како што се истегнување или потпирање преку некој стол, се честа појава на работното место. Можно е вашиот шеф да ви направил несвесна еротска поврзаност со вас – вели Памела Стефансон, психотерапевт, која специјализирала за лекување од сексуални пореметувања.

Слични објави

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо
Се вчитува....