15:50 - 3 април, 2026

Тито обожаваше вицеви, посебно оние „забранетите“, а овој за Русите му беше омилен!

тито

Во минатото можеа да се прочитаат многу вицеви за Јосип Броз Тито и поранешна Југославија, но имаше и еден кој и самиот маршал многу сакаше да го кажува, посебно кога имаше контакт со Русите.

Јосип Броз Тито беше познат како човек со добра смисла за хумор, сакаше да се смее, шегува, па дури и на своја сметка.

За ова посебно зборуваше легендарниот Велимир Бата Живојиновиќ, кој на Тито му беше омилен од домашните актери и кој со Тито помина многу весели денови и кафански вечери.

Бата потоа раскажа дека Тито барал да слуша вицови за себеси, посебно оние „забранетите“, односно оние кои доколку бидат кажани надвор од резиденцијата на претседателот автоматски значеа „летување на Голиот остров“.

Од друга страна, и Тито сакаше да раскажува вицеви, па така еден од нив му беше посебно драг, а станува збор за шега за Русите.

Во продолжение прочитајте го вицот:

Зборуваат тројца затвореници во некој руски логор.

– Јас сум осуден бидејќи го фалев другарот Попов – раскажува првиот.

– А јас заглавив затоа што го критикував другарот Попов – се жали вториот.

– А кој е твојот грев? – го прашуваат третиот.

– Јас сум другарот Попов! – одговара тој.

Според тведњата на поединечни медиуми, Тито во една прилика овој виц му го раскажал и самиот Никита Хрушчов, претседателот на Советскиот Сојуз, а колку на него тоа навистина му било смешно останува отворено прашање. 

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....