Американката Акеиша Ленд станала ѕвезда на Инстаграм и во британските медиуми поради неверојатната сличност со војвотката од Сасекс, Меган Маркл.
39-годишната Акеиша на почетокот добивала лајкови поради симпатичните фотографии со своето преслатко синче Грејсон, а потоа нејзините фотографии завршиле во медиумите и ја шокирале јавноста.
Бројни следбеници на Ленд се колнат дека таа е двојничка на Меган, а во коментари постојано ја прашуваат дали е нејзината тајна сестра близначка.
Токму поради сличноста со Меган, Акеиша добила над 150 илјади следбеници на Инстаграм.