07:40 - 10 ноември, 2026

Славчо Попоски прогнозира поројни дождови и невреме

– Под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од Африка и во следниот период времето во Македонија ќе се задржи МНОГУ ТОПЛО и сончево со мала локална облачност. Сепак во попладневните и во вечерните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на КРАТКОТРАЈНО НЕВРЕМЕ. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 38 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и до 40 степени а Ув – индексот и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува коефициент некаде околу 10, па затоа препорачуваме да се заштитувате. И во Скопскиот регион во следниот период продолжува МНОГУ ТОПЛОТО и сончево време. Сепак во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 35 и 36 степени – вели метео прогнозерот Славчо Попоски.

Попоски напоменува: Во следниот период и тоа поради релативно високата влажност во воздухот, температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од релано измерените.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.
Се вчитува....