07:25 - 10 ноември, 2026

Меган Маркл влегува во политика: Ќе „трча“ ли во идната изборна кампања?

Меган Маркл сонува да влезе во политиката, но тоа да го направи на голема врата.

Новите гласини доаѓаат од американските медиуми, денес пренесени и во европските весници, дека „таа е опседната со американската политика, а дека кралското семејство е само прв чекор кон нешто што таа го смета за многу поважно“.

Изјавата која неодамна ја даде за абортусот, обвинувајќи ја одлуката на Врховниот суд, за многумина се само први сигнали за влезот во политика. Инаку, соништата за политичка кариера, можеби крунисана во Белата куќа, не се ништо ново за Маркл.

Сега пак, судејќи според нејзините чести изјави во кои изразува конкретни ставои, често со политичка конотација. изгледа дека укажуваат на идна кампања за прелиминарните избори на Демократската партија.

Во нејзиното познато интервју со Опра Винфри, Меган рече дека била „замолчена“ од кралското семејство. Но добро е познато и дека таа дури од Лондон знаеше како да комуницира со Доналд Трамп.

Уште во ноември 2019 година британските медиуми беа убедени дека војвотката има „амбициозни и долгорочни планови“. А документарецот со наслов Меган за претседател, потпишан од Ник Булен, го пророкуваше тоа: војвотката, рече Булен, „се подготвува трајно да се пресели во САД за да се фрли во политиката“.

Гласовите потоа дојдоа и од извори блиски на поранешниот премиер Тони Блер, според кои Меган, веќе вратена во САД, „се вмрежува меѓу постарите демократи со цел да изгради кампања и да собере средства за трката за претседателството на Соединетите Држави“.

Сега повторно, по изјавата за актуелното прашање за забрана на абортусот во САД, гласините се разгореа. Но таа сонува на големо, пишуваат американските медиуми, па така не би се задоволила со ситна политичка функција туку цели во најмала рака да биде идната Камала Харис, a во најдобар случај – прва жена претседателка.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....