10:06 - 6 април, 2026

Слатки кифлички со џем од сливи (РЕЦЕПТ)

Ова е стар рецепт кој потсетува на детство, а на вкусот не можат да му одолеат ниту децата, ниту возрасните.

Состојки:

600 гр бело брашно
300 мл масло
100 мл бело вино
Прашок за пециво
100 мл минерална вода
1 литар јогурт
Сол
Џем од сливи

Подготовка:

Од сите состојки освен џемот, замесете тесто. Оставете го да отстои околу еден час, па рассукајте го и сечете триаголни форми од него. Ставете џем и обликувајте кроасани.

Печете во подмачкана тепсија на 180 степени Целзиусови околу 20 минути. Извадете ги од рерна и покријте ги со крпа. Послужете ги изладени.

Слични објави

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо
Се вчитува....