06:49 - 4 април, 2026

Селма Хајек го сретнала својот принц кога најмалку очекувала

Дури и најубавите жени, како што е Селма Хајек, имаат проблеми да ја пронајдат сродната душа. Како што вели самата, таа правела многу погрешни избори додека не го запознала вистинскиот.

„Бев очајна додека не го запознав него. Тој го промени целиот мој свет“, рекла актерката.

Актерката признала дека се брзала да пронајде партнер кога била млада, со кого ќе го помине целиот свој живот.

„Поради таа желба правев големи грешки и излегував со мажи со кои не требаше“, признала таа. „Да знаев дека тој ме чека на крајот од патот, воопшто немаше да се грижам“, признала Селма.

Својот иден маж, францускиот милијардер и главниот човек на „Кering“, втората најголема луксузна компанија, која во своето портфолио ги држи брендовите како што се „Gucci“, „Balenciaga“, „Yves Saint Laurent“ и многу други, Франсоа Анриј Пино, кој го запознала на 29 април 2006 година во Венеција.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....