05:21 - 4 ноември, 2026

Селена Гомез откри дека била жртва на насилство!

Селена Гомез неодамна во интервју за NPR изјавила дека била „жртва на емоционално насилство“ за време на врската со Џастин Бибер.

„Се чувствував како врска на одреден вид на насилство за време на врската. Секако дека не сакам до крајот на животот да зборувам за ова, но истовремено сум многу горда на себе како се развивам и грациозно поминувам низ сето ова. Долго време молчев и сега најдов начин како да разговарам за тоа и како да го раскажам она за кое немав можност, па макар било и низ песна“, изјавила Селена.

Нејзината песна „Lose You To Love Me“ е посветена на Џастин.

„Се чувствував како да не добив фер крај на врската и тоа го прифатив, но знаев дека ми требаше начин да кажам некои работи што ги премолчев. Тоа не е песна полна со омраза, туку нешто што говори дека тоа беше убав период и никогаш нема да го одрекувам тоа. Но, беше и многу тешко и мило ми е што заврши“, открила пејачката.

Потсетуваме дека Селена и Џастин во 7-годишната врска прекинуваа неколку пати, но приказната конечно заврши во 2018 година, кога Џастин стапи во нова емотивна врска со манекенката Хејли Балдвин, со која минатата година се ожени.

Слични објави

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.

Зошто пешкирите стануваат груби по перењето? Овие грешки можеби ги правите без да знаете

К.С.

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо
Се вчитува....