07:17 - 14 ноември, 2026

Познатата новинарка критикувана поради постапката кон нејзината ќерка!

Новинарката Паула Фарис има 3 деца, аво јули 2019 година направила нешто што шокираше многумина.

„Имам 44 години. Секогаш сум сакала 4 деца – можеби затоа што сум најмлада од четири деца“, раскажала Паула и открила дека додека се обидувала да остане бремена по 4-ти пат, имала дури 3 спонтани абортуси.

Последниот спонтан абортус се случил во јули 2019 година и додека се случувало тоа сфатила дека е прилика на својата најстара ќерка, 12-годишната Каролин Грејс, да и покаже дека не треба да се срами од абортусот, пренесува The Sun.

„Ја донесов својата ќерка во бањата. И покажав што се случува и ѝ реков: Сакам само да ти кажам, мама е … Бебето најверојатно веќе не е живо. Мама не чувствува вина поради тоа “, се присетила новинарката.

Освен тоа, таа ѝ објаснила на ќерка си дека абортусот е нормален, дека се случува на многу жени и дека на неа тоа не ѝ е прв абортус.

„Кога ќе забремениш, може да ти се случи и на тебе душо. И сакам да знаеш дека ништо погрешно не си направила“, објаснила таа на својата ќерка.

Паула истакнала и како е важно да се тагува после таков несреќен случај, но дека е и еднакво важно да знаете дека тоа се случува на многумина околу вас.

Според некои истражувања се проценува дека 1 од 8 бремености ќе заврши со абортус. Губењето на 3 или повеќе бремености по ред се нарекува повторувачки абортус и погодува отприлика една од 100 жени.

Иако нејзината постапка изненади многумина, па дури и шокираше, имало и онакви кои ја подржале.

Но, имало и негативни коментари.

„Жал ми е поради нејзината загуба и нејзин избор е што и како такви работи споделува со своите деца, но мислам дека тоа е премногу за 12 – годишно дете“, напишала една жена на друштвената мрежа.

„Си можела подоцна се да ѝ објасниш. Некои работи се премногу за децата. Ова е една од нив“, се согласила друга корисничка.

Слични објави

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо
Се вчитува....