5.8 C
Скопје
01:55 - 1 април, 2026

Пет века „Гол фестивал“: Илјадници мажи ја прославија благосостојбата и плодноста

Вкупно 10.000 мажи од Јапонија учествуваа на традиционалниот „Гол фестивал“, односно Хадака Мацури, преку кој ја прославија благосостојбата, жетвата и плодноста. 

Фестивалот се одржува секоја година во третата сабота од февруари. И покрај името на фестивалот, учесниците не се целосно голи, на себе имаат дел од облека која се врзува околу колковите, а носат и бели чорапи.

Фестивалот се одржува во Окајама, на јужниот дел на островот Хоншу.

Пред да започне главната манифестација мажите се подготвуваат трчајќи околу храмот, а потоа одат на прочистување со ледена вода.

Дури потоа влегуваат во храмот. Откако светлата ќе се изгаснат, над учесниците се фрлаат 100 снопови гранчиња и две посебни шинги стапчиња.

Profimedia

Тоа е она што го означува почетокот на хаосот, бидејќи мажите се туркаат за да земат нешто од предметите за да имаат „среќна година“.

Овојпат туркањето траеше околу 30 минути, а многу учесници по настанот беа изгребани, односно поминаа со модринки или со повредни зглобови.

Во изминатите години во овие турканици се забележани и неколку смртни случаи. 

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....