7.8 C
Скопје
23:58 - 31 март, 2026

Овие бои се симбол на среќа, успех и благосостојба – Добро е да ги имате во домот за претстојните празници!

Со една од овие бои задолжително украсете го својот дом…

Китењето на елката е еден од најубавите ритуали кои ги повторуваме секој декември. Сигурно веќе вашата елка е накитена во различни бои, но доколку некоја од овие бои ви недостасува, слободно додадете ја.

Според верувањето за време на новогодишниот и божиќниот период во вашиот дом треба да се најдат овие бои – црвена, зелена, бела, златна и сина кои се симбол на среќа, успех и благосостојба. Еве што симболизира секоја…

Фото: Профимедиа

Зелената дава надеж дека пролетта наскоро ќе дојде и дека се повторно ќе се обои во боите на младоста. Таа симболизира и вечен живот.

Црвената боја е симбол на Исусовата крв. Исто така, го симболизира успехот, напредокот и љубовта.

Златната боја е боја на сонцето, на светлото кое е толку посакувано во текот на зимата. Златото е и подарок кој еден од Трите крала му го донел на малечкиот Исус. Така настанало и дарувањето за време на божиќните празници.

Фото: Профимедиа

Белата е боја на чистина и мир, а сината директно се поврзува со наметката на мајката на Исус, Марија. За време на средниот век, сината боја била многу ценета и ја носеле кралските семејства.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....