10.8 C
Скопје
17:29 - 30 март, 2026

Ова никој не го очекуваше: Собрани 300 000 долари за детето кое сакаше да се убие поради малтретирање во училиште

Момчето Квејден Бејлс има само девет години, а неговата мајка Јарака објави снимка каде што опишува дека е малтретиран на училиште.

Меѓу другото, момчето вели дека сака да се самоубие поради тоа.

Мајката сакала да испрати порака за тоа колку е катастрофално малтретирањето.

Видеото стана вирално, со илјадници луѓе кои јавно му дадоа поддршка на момчето кое што живее во Австралија и на кое му е дијагностицирана ахондроплазија, нарушување на растот на коските што предизвикува да има нормална големина на торзото и значително пократки екстремитети од просекот, односно џуџест раст.

Покрај актерот Хју Џекман, кој рече дека Квејден има пријател во него засекогаш, одговори и комичарот Бред Вилијамс, кој исто така е џуџе.

Тој започна кампања за да собере 300.000 американски долари за Квејден и неговата мајка на платформата GoFundMe. Дел од парите ќе бидат потрошени за детето со неговата мајка да го посети Дизниленд.

– Ова не е само за Квејден, туку за сите деца кои искусиле злоупотреба и на кои им било кажано дека не се доволно добри. Дозволете ни да му покажеме на Кваден и на другите дека има толку многу на овој свет и дека се подеднакво вредни”, рече Вилијамс.

Квејден стана заштитна марка на кампањата „Stand Tall 4 Dwarfism“ што ја започна неговата мајка. Тој доби поддршка и од Националната рагби лига.

Слични објави

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

Го занемаруваме, а најбрзо старее: Како правилно да го негувате деколтето

Еспресо
Се вчитува....