18:58 - 11 ноември, 2026

Новинарка известуваше од дома, а нејзиниот татко влезе во кадар топлес! (ВИДЕО)

Луѓето ширум светот мораа да се прилагодат на многу мерки кои се воведени поради пандемијата од коронавирусот, па затоа многумина работат од дома. Помеѓу нив е и една новинарка од Америка, која дојде во центарот на вниманието поради својот татко, кој ѝ влезе во кадар без маица на себе.

Репортерката од CNN Џесика Ланг ја замолила својата мајка да снима додека таа изјавува од својата кујна.

Изгледаше дека се оди според планот, но во еден момент Џесика добила знак од својот „камерман“ да го прекине известувањето.

„Што направи мамо?“, запрашува Џесика на видеото, незнаејќи дека нејзиниот татко влегол во кадарот без маица на себе.

Џесика се свртела и го видела својот татко како ја облака маицата и ја гледа збунето.

Таа ја сподели снимката на Твитер и привлече огромно внимание.

„Работете од дома рекоа, се ќе биде во ред“, напиша новинарката на објавата.

Слични објави

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

Врвна изработка, оригинален дизајн, пристапни цени – Одберете уникатни клуб-маси од орев и епоксидна смола од Wood room

Еспресо

Ноември штотуку започна, а новогодишните украси се насекаде — дали е прерано за празнична магија?

К.С.

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

Ноќта на вештерките не е измислица на модерното време — како настанал празникот и зошто резбаме тикви?

К.С.
Се вчитува....