18.8 C
Скопје
11:40 - 12 октомври, 2026

Непромислено: Во страв од коронавирусот, ја испрскале плажата со белило, екологистите шокирани

Во обид да го уништи коронавирусот, властите со трактори ја испрскалe два километра долгата плажа Захара де лос Атунес во Шпанија, со раствор од белило, еден ден пред шпанската влада и официјално да им дозволи на децата да излезат надвор од домовите, пишува Гардијан.

Со тоа не само што не успеале во својата намера, туку со овој непромислен потег, тие му нанеле огромна штета на локалниот екосистем.

Откако веста стигнала до екологистите, тие излегле на самото место и констатирале дека била направена огромна штета и уверени се дека на тој начин се уништени голем број растенија и инсекти.

Екологистите велат дека овој потег му нанел „голема штета“ на локалниот екосистем.

Марија Долорес Инглесијас, портпаролка на волонтерското здружение за заштита на околината во регионот на Кадиз, во изјава дадена за медиумите рекла дека ја посетила плажата и е навистина згрозена од она што го видела таму.

– Белилото уништило сѐ на површината на плажата. Ништо не се гледа, дури и инсектите умреле – рекла таа.

Штетата од „дезинфицирањето со белилото“ е дотолку поголема што според тамошните еколози, плажата била заштитено место за размножување на птиците преселници.

– Видов најмалку едно гнездо на птици во кое имаше јајца што беа комплетно уништени бидејќи низ нив поминувале тракторите што ја вршеле „дезинфекцијата“ – заклучила Марија.

Инаку, Шпанија е тешко погодена од коронавирусот и досега починаа 23.800 лица. Владата неодамна најави план за попуштање на мерките во четири фази и враќање во „нова нормала“ кон крајот на јуни.

Слични објави

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо

VILLA DIVA – Амбиент создаден за големи моменти

Еспресо

Искористете ги посебните попусти во Wood Room и подновете се со уникатна клуб-маса со епоксидна смола

Еспресо

Септемвриски попусти во Wood Room – време е за нова маса од масивно дрво

Еспресо
Се вчитува....