33.8 C
Скопје
14:45 - 10 септември, 2026

Намирници што влијаат поволно врз плодноста на жената

Првиот чекор за здрав репродуктивен систем е одржување на хормоналната рамнотежа. Иако многу фактори влијаат врз можноста секоја жена да се оствари како мајка, здравиот начин на исхрана се вбројува во еден од најзначајните.

Токму затоа многу е важно што, всушност, една жена внесува во својот организам, односно што јаде во периодот во кој се обидува да се реализира како родител.

Авокадо

Ова овошје содржи големо количество незаситени масти, кои можат да ја зголемат плодноста. Имено, едно истражување покажало дека на жените во периодот од животот во кој се обидувале да забременат, многу им помогнала храната богата со незаситени масти, меѓу кои и авокадото. Ова овошје се препорачува да го јадат сите жени што се обидуваат да зачнат по вештачки пат.
Семки од сончоглед

Уживајте во грицкањето на семките и тоа барем трипати неделно доколку се обидувате да добиете бебе. Тие се богати со цинк, а исто така се покажале како моќен одржувач на рамнотежата на репродуктивните хормони.

Цимет

Овој ароматичен зачин има моќ да го намали инсулинот и да ја зголеми шансата за зачнување за време на плодните денови.

Јајца

Подготовката на меко варени јајца треба да стане ваша утринска рутина. Жолчките што не се тврдо варени, во својот состав содржат поголеми количества на витамините Д и Б6, кои се заслужни за зголемување на лачењето на прогестерон, хормон што игра важна улога во зачнувањето.

Хелда

Семето од хелда изобилува со материи што кај секоја жена го намалуваат нивото на инсулин и на тестостерон, а со самото тоа ја зголемува и можноста за зачнување за време на овулација.

Слични објави

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Villa Diva е новата омилена локација за свадби и евенти – резервирајте си термин навреме

Еспресо

Светот дозна која е Сири – ова е жената со најпопуларен глас

Еспресо

(Фото) Мебел што не излегува од мода – изберете квалитет од масивно дрво со Wood Room“

Еспресо

Марина Петровска, велнес-советник: Понекогаш една одлука донесена од љубопитност може да ти го промени животот

Еспресо
Се вчитува....