19.8 C
Скопје
17:42 - 21 октомври, 2026

Најнапорен период од годината – во неделата пред Божиќ губиме 21 час од спиењето

Поради многуте обврски остануваме будни долго во ноќта и се будиме најмалку еден час порано од вообичаено. Секој втор човек пред празниците спие во просек по пет часа дневно.

Празниците би требало да бидат време за одмор и опуштање во кругот на семејството, но во пракса тоа најчесто не е така. Многу често празниците се претвораат во стресни денови, покажало едно британско истражување.

Неделата пред Божиќ е прогласена за најстресен и најнапорен период во годината, кога во просек губиме околу 21 час од сонот. Поради многуте обврски остануваме будни долго во ноќта и се будиме најмалку еден час порано од вообичаено. Секој втор човек пред празниците спие во просек по пет часа дневно, а тој стрес ги предизвикува празничните кошмари поради кои жените се будат препотени. Соништата се одраз на празничните теми и проблеми, па жените најчесто сонуваат како ги брка џиновска мисирка или како се бакнуваат со Дедо Мраз.

Покрај тоа што се непријатни, кошмарите предизвикуваат ненаспаност, што на концентрацијата делува исто како што алкохолот делува врз способноста за возење – ја забавува, предупредува Крис Иѕиковски, експерт за квалитет на сон и раководител на истражувањето.

Ако сакате да уживате во празниците, едноставно спуштете ги очекувањата. Стресот ќе го намалите ако ги намалите вашите критериуми и очекувања, а за да создадете совршена божиќна бајка не си поставувајте невозможни цели, советува психологот Корин Свит. Имајте на ум дека ништо во животот не е совршено и психички подгответе се дека нема да оди сѐ според планот.

Опуштањето со помош на алкохол може да биде виновник за ненаспаност.

Алкохолот дејствува многу побрзо и посилно на исцрпен организам. Ако ве мачи несоница, иако се празници, наместо чаша вино пред спиење напијте се чај од камилица или чаша млеко. Проветрејте ја и затемнете ја спалната и пред спиење одете на кратка прошетка или подгответе си топла бања.

Слични објави

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.
Се вчитува....