Доколку сакате кул модни додатоци кои веднаш ќе го променат Вашиот стил, погледнете ги постарите фотографии од 90-тите години.
Ретро гумени ленти, панделки, марами и штипки за коса – сите кои порано ги носевме, повторно се во тренд.
Лента со јазол

Марамите или лентите за коса со јазол, се вратија на модната сцена пред неколку сезони. Оваа сезона, тие имаат огромно влијание врз трендсетерките и модните зависници кои претпочитаат да посегнат по ленти со светли бои. Вистински спасител се за време на летото, кога сакаме да си ја оддалечиме косата од лицето.
Машна во косата

Романтичните детали во Вашата коса ќе Ви дадат нежен изглед. Овој ефикасен моден додаток можете да го направите и сами со помош на стара шнола или гумена лента, лепак и малку ткаенина.
Ретро стегачи за коса

Се сеќавате на густите, меки гумени ленти од порано? Пред неколку сезони, овој заборавен моден тренд се појави повторно и за краток временски период се здоби со голема употреба од трендсетерките.
Марама врзана на главата

Моден додаток од 90-тите години, кој ќе го гледаме почесто ова лето. Љубителите на модата сакаа да го прифатат овој ретро тренд, со доаѓањето на топлите денови и заштита на главата од сонце.
Декоративни шноли за коса

Шнолите за коса кои имаат декоративна употреба, не враќаат во детството. Изгледаат елегантно и ненаметливо.
Шапки

Шапките се одлични во секој период од годината, особено кога сме изложени на силните сончеви зраци. Тие придонесуваат за заштита од виоките температури.