15:10 - 3 април, 2026

Меланија Трамп ги разлути твитерџиите: Белата куќа побрзо го изгради тенискиот терен отколку што ги тестираше луѓето за корона!

Меланија Трамп на својот твитер-профил објави фотографија од изградбата на тенискиот терен во Белата куќа, не насетувајќи дека ќе наиде на револт на следбениците.

На фотографијата првата дама на Америка со заштитен шлем заедно со архитектите и со градежниците го проучува нацрт-проектот.

Меѓутоа, корисниците на Твитер ѝ замерија, сметајќи дека не смее да закачува вакви фотографии за време на епидемија на коронавирус.

„Луѓе секојдневно умираат, епидемијата се шири низ светот, а нам треба да ни е грижа за еден тениски терен? Неверојатно, Белата куќа побрзо го изгради тенискиот терен отколку што ги тестираше луѓето за корона.“, е само еден од коментарите.

Меланија одлучи да им одговори на забелешката:

„Сите кои ја ставаат под прашалник мојата работа во Белата куќа би требало да размислат како би можеле да придонесат за продуктивност и подобрување на своите заедници“, напиша Меланија Трамп на Твитер.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....