27.5 C
Скопје
19:38 - 14 јули, 2026

Бен Афлек во врска со секс бомба од Куба: Сите зборуваат дека ова му е најубавата девојка досега! (ФОТО)

Актерот Бен Афлек (47) е во врска со Ана Селија де Армас Касо (31), кубанско-шпанската актерка.

Славниот актер блискоста со Ана за првпат ја покажа на снимањето на еротскиот трилер „Deep Water“, на 13 ноември 2019 година, во кој тие толкуваа улоги на маж и жена.

Меѓутоа, сега веќе не се потребни шпекулации за нивната врска, бидејќи парот е виден во родната Куба на Ана.

Парот е забележан на вечера во еден ресторан во Хавана, од каде се појави и нивна заедничка фотографија со шефот на кујната во локалот во кој уживаа.

По објавата, многу корисници на социјалните мрежи забележаа дека ова е „најубавата девојка која некогаш ја имал Бен Афлек“, со што и не се согласуваат во целост фановите на Џенифер Гарнер, неговата поранешна сопруга.

Ана е ѕвезда која допрва се пробива на филмското платно, а која, како што стојат работите, ќе ја толкува улогата на Мерлин Монро, во остварувањето кое е во план да се реализира.

Оваа убавица во 2006 година дебитираше на шпанското платно во филмот „Una rosa de Francia“, а во 2015 година го сними и првиот американски филм „Knock knock“, за потоа да следуваат улогите во „Hands of stone“ и „War dogs“.

Кубанската актерка толкуваше улоги и во „Blade runners 2049“, како и во филмот од 2019 година, „Knives out“.

View this post on Instagram

P A L O M A ✨?? “No Time To Die”

A post shared by A N A D E A R M A S (@ana_d_armas) on

Слични објави

(Фото) „За нас ова е тажен ден на земјата“: Елена Ристеска го одбележа роденденот на својот покоен татко

Еспресо

Ѓоковиќ од Вимблдон директно во Црна Гора: Славниот тенисер отишол на стоматолог во апостолки и шорцеви

Еспресо

(Фото) Мандар стана татко! На свет дојде ќерката Илина, радоста ја сподели со фотографија од болница

Еспресо

(Фото) Добива 540.000 евра за алиментација за децата и ужива за сите пари: Ана Ивановиќ воодушеви во корсет и здолниште со шлиц 

apostolova

(Видео) Опуштени и среќни – Вељко и Богдана Ражнатовиќ среде бел ден лудуваа на забава на Кипар

Еспресо

(Фото) „Само небото е граница“: Верица Ракочевиќ позираше во костим за капење, покрај неа лежи 35 години помладиот сопруг

Еспресо
Се вчитува....