9.8 C
Скопје
12:42 - 1 април, 2026

Мажот ја бакнал на погрешен начин, а таа му го одгризала јазикот!

Маж од Детроит задравува во болница откако жената која што ја бакнал, му го одгризала јазикот, изјавиле од судот во Макомб.

52-годишната Јоулете Ведгеворт и неименуваниот маж се договориле дека при бакнувањето, тој нема да ѝ го стави јазикот во уста, но тој сепак го направил тоа на 28 јануари. При таа прилика Ведгеворт силно го гризнала за јазикот.

Таа му одгризала околу 2,5 сантиметри јазик.

Полицијата реагирала на дојавата за инцидентот кога стигнала на местото на настанот, односно во станот на мажот, каде ја пронашле жртвата како силно крвари од устата. Службениците заклучиле дека Ведгеворт на мажот му одгризала прилично голем дел од јазикот. Одгризаниот дел го пронашле во спалната соба од неговиот стан, па мажот веднаш бил пренесен во болница.

Ведгеворт била обвинета за тежок напад и ѝ прети затворска казна до година дена, но и парична казна од илјада долари, пишува CNN.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....