3.8 C
Скопје
08:27 - 11 март, 2026

Консумирајте ги редовно доколку пушите цигари! 7 намирници кои ги прочистуваат белите дробови

Овие намирници не можат целосно да ги исчистат вашите бели дробови, но можат да ги прочистат и ослободат од токсините.

Ракот на белите дробови е еден од најчестите и најсмртоносните болести, а од него главно заболуваат пушачите. Доколку никако не можете да ги оставите цигарите, тогаш барем потрудете се да го намалите ризикот од рак со помош на следниве намирници.

Пченка

Содржи бета-криптоксантин за кој се смета дека ги штити белите дрбови од карцином бидејќи претставува силен антиоксидант.

Селен

Селенот е силен антиоксидант кој може да се најде во разните видови на риба, како туна, лосос и бакалар, но и во јагнешкото, јајцата и житарките.

Лук и крoмид

И лукот и кромидот содржат материи кои имаат антиканцерогено влијание. Лукот помага во спречувањето на многу болести, меѓу кои се и инфекциите и ракот на белите дробови. Интересно е тоа што кај лицата кои веќе имаат карцином спречува понатамошен раст на нови клетки.

Ѓумбир

Силно средство за исфрлање на токсините од белите дробови. Одличен избор, бидејќи чајот од ѓумбир го олеснува дишењето, а парче гумбир можете да изедете со секој оброк.

Портокал

Освен што веќе на сите им е познат како извор на витамини, портокалот исто така превентивно делува против ракот на белите дробови.

Коприва

Оваа билка е преполна со железо, а многу е корисна и како средство за дезинфекција на белите дробови и во борбата против инфекции.

Чај од борови иглички

Традиционално се користи за испирање на устата и грлото, но може да биде и добар сојузник во борбата против ракот на белите дробови.

Слични објави

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

Какво лето нè очекува? Метеоролозите го палат алармот: „Едно е сигурно, ќе паѓаат рекорди!“

Еспресо

Како серијата „Бриџертон“ покрена нов тренд во љубовта и во партнерските односи

apostolova

Најубави цитати за жените во пресрет на 8 Март

Еспресо

Маслиново масло и лимон – природна магија за блескави дрвени подови

Еспресо

Голем атмосферски пресврт: Европа ја очекуваат необични температурни разлики

Еспресо
Се вчитува....