14:27 - 4 април, 2026

Камерон Дијаз стана мајка во 48-та година!

Актерката не откри на кој начин или кога дојде на овој свет нивното бебе. Пред неколку години странските медиуми пишуваа дека парот сака да посвои дете или побара помош од сурогат мајка. Исто така, Камерон сака да ја заштити приватноста на своето дете.

Холивудската актерка Камерон Дијаз (47) ги изненади обожавателите со последната објава на друштвените мрежи. Таа објави дека со нејзиниот сопруг, рокерот Бенџи Маден (40) станале родители.

Instagram

„Среќна нова од Маденови! Ние сме пресреќни, благословени и благодарни што во оваа нова деценија можеме да го објавиме раѓањето на нашата ќерка Радикс Маден. Во истиот момент ги зароби нашите срца и го пополни нашето семејство“, напиша Камерон, на која ова ѝ е прво дете.

View this post on Instagram

❤️❤️❤️ @benjaminmadden

A post shared by Cameron Diaz (@camerondiaz) on

Актерката не откри на кој начин или кога дојде на овој свет нивното бебе. Пред неколку години странските медиуми пишуваа дека парот сака да посвои дете или побара помош од сурогат мајка. Исто така, Камерон сака да ја заштити приватноста на своето дете.

„Иако сме пресреќни што можеме да ја споделиме оваа вест, од друга страна знаеме дека мора да ја заштитиме нејзината приватност, затоа нема да споделуваме никакви фотографии, ниту да откриеме никакви нови детали, освен тоа што е неодолива“, заклучила Камерон. Парот сето тоа го направил далеку од очите на јавноста.

Profimedia

Парот се вери кон крајот на 2014 година и судбоносното „ДА“ го кажа во 2015 година. Церемонијата се одржа во нивниот дом во Беверли Хилс.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....