3.8 C
Скопје
20:45 - 21 декември, 2024

Како политичарите го пополнуваат слободното време: Макрон ужива во караоке, Меркел во готвење

Ова се некои од начините на кои политичарите се опуштаат во своето слободно време.

Претседателите од Белата куќа најчесто продолжуваат да се занимаваат со политика уште долги години по напуштање на претседателската функција, но и покрај многубројните активности тие секогаш наоѓаат интересни начини да го пополнат своето слободно време. Така едни се занимаваат со спорт, други уживаат во сликање, некои решаваат крстозбори, а има и такви кои се опуштале пушејќи пури.

И европските лидери имаат интересни хобија како пеење караоке, свирење клавир и готвење.

Ова се некои од начините на кои политичарите се опуштаат или се опуштале во своето слободно време.

Џорџ Вашингтон – танц

Џорџ Вашингтон бил активен танчер во тинејџерските години, а со тоа продолжил да се занимава и додека бил на служба во Белата куќа. Тој го сметал танцот за важна социјална интеракција, нарекувајќи го „нежен конфликт“.

Ендру Џексон – борба со петли

Иако борбите со петли сега се нелегални речиси во сите држави, Ендру Џексон бил голем ентузијаст и наводно организирал вакви борби во Белата куќа.

Теодор Рузвелт – бокс

Бидејќи како дете бил болежлив, Теодор Рузвелт станал страствен спортист кој активно тренирал бокс и за време на претседателската функција. Ова често било користено од страна на карикатуристите кога го илустрирале неговиот натпреварувачки карактер.

ruzvelt

Келвин Кулиџ – јавање електричен коњ

Келвин Кулиџ толку уживал во јавањето, што дури имал инсталирано електричен коњ во Белата куќа. Коњот имал две брзини, кас и галоп.

Двајт Ајзенхауер – сликање

Двајт Ајзенхауер бил страствен сликар кој често сликар пејзажи и им ги подарувал на пријателите.

Џон Кенеди – пушење пури

Кенеди пушел по 4-5 цигари дневно, а омилени брендови му биле упманс и монтичелос.

kenedi

Ричард Никсон – куглање

Претседателот Ричард Никсон и првата дама сакале да куглаат и во 1969 година имале куглана со една лента во подрумот на Белата куќа.

nikson

Џералд Форд

Иако немал можност да го види својот лик на американските поштенски марки кои се појавиле во 2007 година, Џералд Форд е еден од многуте државни лидери кои уживале да ги собираат, оправдувајќи го другото име на ова хоби – хоби на кралевите.

Роналд Реган – јавање

Животна страст на Реган била јавање коњи, што често било дел од спортските јавни настани за време на неговиот мандат, а често јавал во придружба на други светски државници.

regan

Бил Клинтон – крстозбори

Страста на Бил Клинтон за решавање крстозбори била често споменувана за време на неговата кампања. Во 2006 година тој зборувал за ова негово хоби и во документарен филм.

klinton

Барак Обама – стрипови

За време на целата негова кампања Барак Обама ја промовирал љубовта кон стриповите која му се вродила уште во детството, а омилен суперхерој му е Спајдермен.

Доналд Трамп – голф

Трамп често ја истакнува неговата вештина во играње голф и ја користи секоја прилика да го покаже тоа.

trump

Владимир Путин – Пливање и риболов

Путин ужива во речиси сите видови спорт. Тој е познат како претседател кој се грижи за неговиот физички изглед, па секој ден поминува два часа во пливање и редовно вежба. Покрај тоа сака риболов и јавање коњи.

putin

Емануел Макрон – пијано

Францускиот претседател е познат љубител на музика. Тој ужива во караоке, а десет години студирал клавир на музичкиот конзерваториум во Амиенс, каде што има освоено трета награда. Макрон изјавил дека повторно ќе свири клавир кога ќе има повеќе време. Омилени композитори му се Роберт Шуман и Франц Лист.

Ангела Меркел – готвење

Додека не станала канцелар на Германија, Ангела Меркел често ги покажувала нејзините готвачки способности, а најмногу пофалби добивала за нејзините супа од компири, говедско и торта од сливи.

merkelkuhanje

Слични објави

Зошто се длабат тиквите за Ноќта на вештерките? Интересни верувања за еден од најпопуларните празници во западниот свет

еспресо

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо
Се вчитува....