23.8 C
Скопје
13:45 - 29 септември, 2026

Аријана Гранде конечно ќе настапи на Греми наградите! (ФОТО)

После минатогодишното откажување поради спор со продуцентите, пејачката конечно ќе настапи на престижните музички награди.

Пејачката Аријана Гранде се враќа на доделувањето на Греми наградите, откако минатата година имаше спор со продуцентите поради настапот.

Популарната ѕвезда на хитот „Thank U, Next“ на друштвените мрежи објави дека на 26 јануари ќе настапи на 62-то доделување на престижните музички награди.

Веднаш после тоа, информацијата беше потврдена и на службената Инстаграм страница на Греми, пишува CNN.

View this post on Instagram

see you jan 26 #GRAMMYs @cbstv @recordingacademy

A post shared by Ariana Grande (@arianagrande) on

Минатата година Гранде одлучи да не присуствува на ова музичко случување, поради спор со продуцентите.

Тогаш Греми и замерија, бидејќи организаторите не ѝ дозволија сама да ги одбере песните кои сакала да ги изведе, поради што го откажала цел настап.

26-годишната поп-ѕвезда оваа година е номинирана во 5 категории, а на музичкото случување ќе настапи непосредно после објавувањето на концертниот албум „k bye for now (swt live)“, и по завршувањето на Sweetener World турнејата во Лос Анџелес.

Слични објави

Кеба за првпат проговори за обвинувањата и местенките во „Ѕвездите на Гранд“

Е.А.

(Фото) Ева Нединковска се омажи за саканиот Филип — ќерка ѝ Ена во бел фустан покрај мајка си

Еспресо

Вера, Надеж и Љубов, трите маченички на чија смрт сведочела мајка им Софија

Т.Ц.

Сања Вучиќ ја замени Ана Бекута во „Ѕвездите на Гранд“: Откри дали се слушнале по нејзиното заминување

Еспресо

„Еве ме пак“: Каролина Гочева повторно ужива во Прага

Еспресо

Дневен хороскоп за 29 септември: Бидете внимателни во донесувањето на одлуките

apostolova
Се вчитува....