7.8 C
Скопје
07:27 - 2 април, 2026

Јас сум болна од луѓе кои не го сфаќаат ова сериозно: Италијанска блогерка успеа да собере три милиони евра донации за борба против коронавирусот! (ВИДЕО)

Познатата блогерка од Италија, Кјара Фергани заедно со својот сопруг, музичарот Федез и раководителот на одделот за интензивна нега на болницата во Милано, Алберто Занџило започнаа кампања за собирање пари потребни за да купат легла во болницата.

Италија во моментов е во криза предизвикана од ширењето на смртоносниот коронавирус, а Кјара и нејзиното семејство се во изолација, меѓутоа ова не ја спречи да се обиде да придонесе во борбата против коронавирусот.

Преку кампањата што таа ја започна, собра верувале или не, три милиони евра за само еден ден, а лично Кијара донираше 100.000 евра.

– За само 24 часа, успеавме да собереме три милиони евра со 165.000 донации од 92 држави. Ова е најголемиот проект за собирање донации во Европа. Други слични проекти беа започнати вчера за некои болници во Италија. Дали сега верувате во моќта на споделување?” – напиша Кјара во објавата на својот профил на Твитер.

 

View this post on Instagram

 

E’il momento di fare la differenza

A post shared by Chiara Ferragni ✨ (@chiaraferragni) on

Кјара ги покани своите следбеници да донираат и остави линк на нејзиниот профил каде би можеле да го сторат тоа. Минималната донација е пет евра.

Во неделата, таа исто така објави видео во кое ги повикува луѓето да бидат претпазливи во ова време на криза и да ги следат сите препораки. Сепак, поради нејзините предупредувања, таа беше мета на корисниците на интернет, кои ја обвинија за претерана претпазливост и паника.

– Моето трпение има граници. Ова е сериозна работа. Цела Италија е затворена и луѓето се ставаат во карантин. Цела Италија. Јас сум болна од луѓето што не го сфаќаат ова сериозно – рече Кјара.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....