01:55 - 11 ноември, 2026

Кејти Холмс на работ на банкрот: Ја продаде луксузната вила за да може да застане на нозе!

Поранешната девојка на Џејми Фокс и поранешната сопруга на Том Круз, 41-годишната актерка Кејти Холмс, според пишувањата на магазинот „NW“ западна во тешки финансиски проблеми. Всушност, медиумот тврди дека актерката е пред банкрот. Кејти остана без финансии и поради тоа неодамна ја продаде луксузната вила во Лос Анџелес за 6 милиони долари, само за да „застане на нозе“.

„Таа нема снимено ниту еден важен филм од „Batman Begins“. После тоа таа беше ангажирана во нискобуџетни филмови и пропаднати ТВ емисии“, откри извор близок на актерката.

„Нејзиниот луксузен пентхаус во Њујорк едноставно стана прескап. Во последно време започна да купува ефтини намирници само за да спои крај со крај. Откако го остави Том и Скиентолошката црква, не сакаше да добива никакви пари од него. Меѓутоа, невозможно е да не се запрашува сега дали жали поради тоа што го користи јавниот превоз и носи стара облека“, додал изворот.

„Последната работа која ја сака е да на нејзината ќерка ѝ биде срам што мајка и мора да бара пари од нејзиниот татко“, завршува изворот.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....