19.8 C
Скопје
15:17 - 24 октомври, 2026

Го срушила гинисовиот рекорд: Тинејџерка од Индија ја има најдолгата коса на светот! (ВИДЕО)

Девојка од Индија ја држи титулата за тинејџерка со најдолга коса на светот повеќе од една деценија. Ова признание е резултат на нејзиното лошо искуство со шишање во фризерски салони.

Ниланши Пател од мало гратче Модас во државата Гујарат, која има 17 години, останува сопственик на Гинисовиот рекорд по должина на косата.

Во 2018 година нејзината коса била долга 154 сантиметри, а сега останува „на тронот“ со должина од дури 190 сантиметри.

Нејзиниот горд татко рекол дека поради рекордот, неговото единствено дете, станало првата локално позната личност, а потоа и интернационална. 

Ниланши рекла дека цели 11 години нема посетено фризер, бидејќи имала негативно искуство со тоа во минатото.

Фото: Принтскрин

– На шест години отидов во салон и не ми се допадна. Едноставно не ми се допаѓаше како изгледаше, тоа ми внесува нервоза. Моите родители го прифатија мојот став и јасно им е дека мојата коса е дел од мојот шарм – рекла тинејџерката со најдолга коса на светот.

Покрај тоа, Ниланши рекла дека се грижи за својата коса, како и секој втор тинејџер, но со помош на нејзината мајка.

– Го работам она што го прави секој тинејџер. Својата коса ја мијам секоја недела и ја потхранувам со масла еднаш или двапати во неделата. Косата ја сушам со фен или додека седам на сонце – објаснила Нилаши.

Слични објави

Барате квалитетна клуб маса? Искористете ги октомвриските попусти во Wood room

Еспресо

Заборавете на миризливите свеќи — со овој едноставен трик домот ќе ви мириса на есен

К.С.

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо
Се вчитува....