16:48 - 2 април, 2026

Го срушила гинисовиот рекорд: Тинејџерка од Индија ја има најдолгата коса на светот! (ВИДЕО)

Девојка од Индија ја држи титулата за тинејџерка со најдолга коса на светот повеќе од една деценија. Ова признание е резултат на нејзиното лошо искуство со шишање во фризерски салони.

Ниланши Пател од мало гратче Модас во државата Гујарат, која има 17 години, останува сопственик на Гинисовиот рекорд по должина на косата.

Во 2018 година нејзината коса била долга 154 сантиметри, а сега останува „на тронот“ со должина од дури 190 сантиметри.

Нејзиниот горд татко рекол дека поради рекордот, неговото единствено дете, станало првата локално позната личност, а потоа и интернационална. 

Ниланши рекла дека цели 11 години нема посетено фризер, бидејќи имала негативно искуство со тоа во минатото.

Фото: Принтскрин

– На шест години отидов во салон и не ми се допадна. Едноставно не ми се допаѓаше како изгледаше, тоа ми внесува нервоза. Моите родители го прифатија мојот став и јасно им е дека мојата коса е дел од мојот шарм – рекла тинејџерката со најдолга коса на светот.

Покрај тоа, Ниланши рекла дека се грижи за својата коса, како и секој втор тинејџер, но со помош на нејзината мајка.

Го работам она што го прави секој тинејџер. Својата коса ја мијам секоја недела и ја потхранувам со масла еднаш или двапати во неделата. Косата ја сушам со фен или додека седам на сонце – објаснила Нилаши.

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....