16:28 - 3 април, 2026

Главните модни трендови за пролет 2020 година! (ФОТО)

Доаѓањето на новата годишна доба нè предизвикува да се ослободиме од максимализамот и принципот „што повеќе, тоа подобро“, па да се вратиме на многу едноставни модни парчиња преку кои нашиот стил ќе дојде во прв план.

Обично сме навикнати секоја сезона да се појавуваат нови, понекогаш необични модни трендови кои на почетокот ги прифаќаме со голема претпазливост. Сепак, наредните неколку месеци можеме да се опуштиме, бидејќи наредните месеци ситуацијата ќе биде поинаква.

Клучот е во правилно комбинирање на еднобојни парчиња, како и да препознаете кои дневни варијанти можете да ги носите и во вечерни, но со блага доза на елеганција. Така и оваа година задолжителен дел е беж мантилот кој можете да го искомбинирате со апсолутно се, а она што е интересно е тоа дека трендот ги издвојува розе и беж боите.

Голема улога имаат и кожните капути кои совршено прилегаат за вечерни излегувања и важни случувања. Освен тоа, блузите со асиметрично деколте веќе ја доживеаа својата популарност, а на пролет навистина стануваат „must have“ парчиња.

Инспирацијата за комбинирање со овие трендови може да ја погледнете на видеото:

Слични објави

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....