05:15 - 27 ноември, 2026

Фестивалот ЕГЗИТ и официјално е откажан! (ФОТО)

Организаторите на фестивалот „ЕГЗИТ“ се огласија и дефинитивно потврдија дека оваа година тој нема да биде одржан поради зголемениот број на заболени од коронавирус во Србија.

Оваа вест тие ја соопштија преку официјалната фејсбук-страница.

Important info / Važne informacije

Publiée par Exit Festival sur Lundi 13 juillet 2020

„Драги пријатели,

Откако по нашето последно обраќање, здравствената ситуација во земјата за жал не се поправи, а имајќи предвид дека здравјето и безбедноста на сите учесници на фестивалот ни се на прво место, ве известуваме дека одбележувањето на 20 години од фестивалот ЕГЗИТ дефинитивно нема да се одржи од 13 до 16 август оваа година на Петроварадинската тврдина.

Новото поместување на датумот на фестивалот е еден обемен и тежок процес кој бара време, па ве молиме за уште малку трпение. До крајот на месецот ќе ги објавиме датумите за ЕГЗИТ 2021, а наскоро ќе стигне и известување во врска со пријавување за опцијата рефундирање. Бидете добри и чувајте се меѓусебе.

Вашиот ЕГЗИТ“

Слични објави

Магични моменти: Дозволете ни да ја претвориме вашата љубов во свадбена магија, додека вие уживате во секој беспрекорно осмислен момент

Еспресо

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.
Се вчитува....