09:57 - 5 декември, 2025

Бурниот живот на Вознијацки: Се сликаше гола за магазин, а Роналдо ја „ќари“ со скап автомобил (ФОТО)

Данската тенисерка вчера и официјално на 29 години замина во пензија.

Каролина Вознијацки со поразот од Онс Жабер во третото коло на Австралија Опен и официјално замина во тениска пензија.

Богата кариера на данската тенисерка ја одбележаа успесите на терените на кои освои 30 ВТА титули, една грен слем титула и беше прва тенисерка на ВТА ранг листата, но и поради бурниот живот кога не се дружеше со рекетот.

Вознијацки е една од првите жени тенисерки по 2000-тите години која се согласи да се слика гола за магазинот „Спортс Илустрејтед“, исто така имаше бурен љубовен живот „дружејќи“ се со ѕвезди како Кристијано Роналдо, Фернандо Торес, но имаше и откажана свадба со голферот Рори Мекилрој. На крајот Вознијацки се венча за поранешниот НБА кошаркар, Дејвид Ли.

Каролина е родена во Одензе во спортско семејство на полски емигранти. Нејзината мајка беше одбојкарка, а татко и беше фудбалер. Со 15 години стана професионална тенисерка и веќе наредната година влезе помеѓу најдобрите 100 на ВТА ранг листата. Оттогаш Вознијацки постојано е во врвот на женскиот тенис и ќе биде запаметена како голем борец на терените.

Сепак, како што беше успешна нејзината професионална кариера, таа имаше бурен приватен живот.
Еден од најинтересните моменти од нејзиниот живот е нејзината „афера“ и преписка со Кристијано Роналдо поради која медиумите веруваа дека се во врска, а тие не ги демантираа ваквите вести.
Имено, Роналдо и Вознијацки се допишуваа преку Твитер и се расправаа дали е подобро на тренинг да оди со „ферари“ или „ламборџини“, Португалецот сакаше да оди со „ламборџини“ бидејќи „ферарито“ било многу тивко.

Вознијацки се забавуваше и со Фернандо Торес, а од колегите тенисери, медиумите ја доведуваа во врска со Рафаел Надал и со Хуан Мартин дел Потро, додека Данката потврди дека се забавувала само со Фернандо Вердаско.

View this post on Instagram

Fore!! ??⛳️?

A post shared by Caroline Wozniacki (@carowozniacki) on

Најголемиот бродолом во љубовниот живот го доживеа кога беше во врска со голферот Рори Мекилрој. Иако имаа закажан датум за свадба, а поканите им беа поделени на гостите, Мекилрој одлучи да ја откаже свадбата и да ја остави Каролина буквално сама пред олтарот бидејќи не бил спремен за брачен живот.

– Бев уништена, прво мислев дека се шегува со мене. Планирав моминска вечер. Телефонот ми полуде, но не можев да зборувам со никого – зборува Вознијацки која цели две години беше верена за Мекилрој.

По големото разочарување со Рори Мекилрој, Вознијацки започна да го живее животот по свои правила и одлучи да ужива. Често пати знаеше да ги изненади фановите со разголени фотографии, а се сликаше и гола за насловната страница на мгазинот „Спортс Илустрејтед“.

View this post on Instagram

2017 @ESPN #Bodyissue

A post shared by Caroline Wozniacki (@carowozniacki) on

Во 2018 година конечно и тргна и во приватниот живот, откако го освои својот прв и единствен грен слем трофеј, овјави дека е верена со поранешниот НБА кошаркар, Дејвид Ли. Во 2019 година во Тоскана се венчаа, откако претходно Ли ја запроси Каролина со дијамант од 8.88 карати, бидејќи осумката е среќниот број на тенисерката.

На свадбата присуствуваа голем број на спортисти, а улогата на деверува ја доби нејзината најдобра пријателка, Серена Вилијамс.

Слични објави

Огледален датум 24.10.24: Што треба да знаете за овој ден

еспресо

(Фото) Првиот снег стигна на Балканот: Студениот бран патува кон исток

еспресо

Денес е Успение на Пресвета Богородица: Што треба да правиме на овој голем празник

еспресо

Огледален датум 8.8.2024: Што значи овој ден и како ќе ви го промени животот

еспресо

Топ осум производи кои секојдневно ги јадат долговечните Јапонци: Нутриционистите советуваат да ги внесете во исхраната

еспресо

Прогласени се топ три најубави актерки на сите времиња: Ќе се изненадите од победничките на листата

еспресо
Се вчитува....