7.8 C
Скопје
05:28 - 24 април, 2024

БРАК ОД ИНТЕРЕС, ЖЕСТОКА ЉУБОВ, НЕВЕРСТВА: Но, Наполеон ја сакал Жозефина до последен здив

наполеон жозефина

Ништо во нивната врска не било едноставно… дури ниту начинот на кој се запознале. Наполеон и Жозефина првпат се сретнале на забава во 1795 година по наговор на нејзиниот тогашен љубовник Пол Бранс, кој сакал да се ослободи од својата убава придружничка бидејќи си нашол нова љубовница.

Тој бил убеден дека искусната, млада вдовица со две деца би била идеална за генералот Бонапарт кој во тоа време не бил впечатлив, но било сигурно дека ќе се искачи на хиерархиската скала во француската армија.

Жозефина имала 32 години. Наполеон 26. Таа барала богат љубовник кој ќе може да го поддржи нејзиниот развратен начин на живот. Тој брал постара, искусна жена со аристократско потекло со која би можел да се ожени и да влезе во повисоките слоеви. Тие биле идеални еден за друг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @royaltyofthepast

Брак од интерес

Наполеон и Џозефина се запознале и тој веднаш се вљубил во неа. Доволно било таа кокетно да ги подигне како веѓите така и фустанот и – генералот веднаш паѓал под нејзините нозе.

Од друга страна, изгледа дека на почетокот тој воопшто не ѝ се допаѓал. Но, имајќи предвид дека тој важел за „перспективно момче“ и некој што ќе може да обезбеди луксузен живот за неа и нејзините деца, таа се согласила на неговото додворување и отишла чекор понатаму со тоа што го завела испраќајќи му, за тоа време, доста храбри љубовни писма.

И нејзиното и неговото семејство биле против врската, а кога Наполеон ја прашал Жозефина дали ќе се омажи за него, тие биле згрозени. Се согласила, без оглед на тоа што нејзините пријатели ѝ велеле дека Наполеон е безначаен генерал кој постојано војува и кој нема да може да ја издржува.

Ги буделе слугите со воздишки

Бонапарта бил фасциниран од својата сопруга, како и од нејзините сексуални вештини. Тој бил очаен секогаш кога мораше да се раздели од сопругата.

„Утре се враќам во Париз, немој да се миеш“, ѝ напишал Наполеон на Жозефина во едно писмо, по што може да се претпостави дека веројатно го сакал нејзиниот „природен мирис“.

Слугите го опишале нивниот сексуален живот како „исклучително силен и екстремно гласен“. Се случувало и двајцата да паднат од креветот додека се во екстаза, а наводно биле толку бучни што со воздишки го буделе целиот двор.

„Водеше љубов брзо и жестоко. Како пожарникар кој гасне пожар“, изјавила Жозефина за љубовните вештини на Наполеон.

Љубовници

На Жозефина Наполеон не ѝ бил доволен и набргу си нашла љубовници со кои се забавувала додека нејзиниот сопруг бил на бојното поле. Кога дознал, Наполеон бил очаен.

Развратниот живот на Жозефина постојано бил тема на разговор во Франција. Наполеон одговорил со тоа што и тој си наоѓал љубовници и тогаш – ситуацијата се променила. Тогаш Џозефина сфатила колку многу го сака својот сопруг. Таа била преплашена од помислата дека ќе го изгуби и се обидувала повторно да му се пикне под кожа на секој начин.

Се расправале гласно, со многу грди и тешки зборови и секогаш се смирувале во кревет.

Ја сакал до крајот на животот

Пет години откако станала царица, Жозефина останала без титула. Наполеон со тешко срце решил да се разведе, пред се затоа што Џозефина не успеала да му даде наследник. Сепак, тие останале во блиски односи, тој се грижел за нејзините деца до крај, а изгледа – и нејзе ја сакал до крајот на животот.

Наполеон се оженил по втор пат со војвотката од Парма, Марија Луиз и добил син. За тој брак зборувал како за договор со цел, а целта била да добие наследник. Единствената вистинска љубов на неговиот живот била Џозефина.

Четири години по разводот, веќе поразен и прогонет на островот Елба, Наполеон Бонапарта ја слушнал веста дека неговата сакана починала од пневмонија. Бил неутешен…

Никогаш не ја заборавил. Велат дека кога и нему му дошол редот да си замине од овој свет, во 1821 година, последното нешто што рекол било: „Франција… војската… Жозефина“.

Слични објави

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо

(Видео) „Дува силен ветар, ама…“: Се огласи Никола Роквиќ од патот кон Грција

Еспресо

(Фото) Први фотографии на Раста од болница: Раперот задржан поради големи болки

еспресо

(Фото) Пријател објави приватна фотографија на Дарко Лазиќ и Катарина: Вака не сме ги виделе

Еспресо

Раста итно примен во болница

Еспресо
Се вчитува....