9.8 C
Скопје
12:40 - 31 март, 2026

Познатата терапевтка советува: Во овој случај НЕВЕРСТВОТО подобро да го СОКРИЕТЕ!

Докторката Рут Вестхајмер е успешна секс терапевтка која од 1981 година, меѓу останатото, ја води и емисијата „Sexually Speaking“. Во новото интервју за Инсајдер откри кога неверството е прифатливо, а тврди и дека во тој случај подобро е да го сокриете.

„Не верувам во искреност под секоја цена“, започна 91-годишната секс терапевтка, па потоа појасни на што точно мисли.

„Доколку еднаш сте го изневериле партнерот под влијание на алкохол и повеќе никогаш не сте ја виделе таа личност со која сте ја извршиле прељубата, задржете го тоа за себе. Не му го кажувајте тоа на партнерот.“

Терапевтката смета дека чувството на грижа кај лицето кое извршило таква прељуба е доволна казна и индикатор дека тоа не треба да му го каже на партнерот со цел да не си ја загрози врската или бракот.

Советот на докторката Рут му оди во прилог на „понежниот“ пол бидејќи неодамнешното истражување ојавено во магазинот „Royal Society Open Science“ покажа дека жените се подобри при сокривањето на неверството.

Слични објави

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Ако се укине промената на времето, кое време е најдобро да се задржи?

Еспресо

Време е за освежување на домот – пролетно чистење според правилата на фенг шуи за нова енергија

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо

На која возраст жената го доживува најинтензивниот оргазам?

Еспресо

Утре се слави Младенци, празникот на љубовта

Еспресо
Се вчитува....