16.8 C
Скопје
13:37 - 18 октомври, 2026

Пол Макартни откри како се запознал со Џон Ленон: Бевме како јинг и јанг

Случајна средба во автобус била најава за почеток на едно големо пријателство, кое на светот ќе му ги даде „Битлси“ и најубавите музички хитови.

Пол Макартни во едно интервју за Би-би-си радио 2 се потсети на почетоците на Битлси и како првпат го забележал Џон Ленон во автобус.

Profimedia

– Го видов неколкупати и си помислив: „Ох, ова е интересно момче“. Подоцна го видов во една продавница за храна, каде што купуваше риби и чипс и ми текна дека е истото момче што го гледав во автобус. Беше навистина „кул“ млад човек – вели музичарот.

Тинејџерот Макартни немал поим дека таа средба еден ден ќе прерасне во прекрасно пријателство, од кое ќе се „роди“ најплодната музичка соработка на сите времиња. Всушност, тој само знаел дека со Ленон имаат ист вкус за мода, бидејќи и двајцата го обожавале тогаш многу модерниот стил „Теди бој“, карактеристичен по долгите палта, полудолгата коса залижана наназад со многу гел и тесните фармерки.

Profimedia

– Не знаев ништо за него, освен дека изгледа многу модерно. Имаше долги бакенбарди и косата му беше залижана наназад со гел, и тоа беше сè што знам за момчето кое неколкупати го сретнав во автобус и го видов како купува риба и чипс.

Но, тоа се сменило кога нивниот заеднички пријател Иван ги запознал на еден црковен панаѓур во јули 1957 година, каде што Џон со својот бенд „Квермен“ имале настап. Макартни се дружел со нив вечерта, а од тој момент пријателството со Ленон почнало да се развива и тие почнале да работат на некои песни.

Иако и двајцата потекнуваат од Ливерпул, сепак нивното семејно потекло е различно. Додека Макартни имал големо семејство, во кое сите биле многу блиски и посветени на музиката, Ленон имал потежок живот, откако на пет години бил одземен од мајка му Џулија и доделен на тетка му Мими да се грижи за него.

Profimedia

– Подоцна дознав, во споредба со мене, колку потежок живот имал – изјави Макартни и додаде дека Ленон ја идеализирал Џулија и многу му било тешко што не живеел со неа и со полусестрите. И покрај тоа, Макартни вели дека во споредба со другите момчиња од групата, Џон бил елегантен и модерен, бидејќи живеел во едно од поскапите предградија на Ливерпул.

И додека Макартни, Ленон и нивните пријатели од бендот Џорџ Харисон и Ринго Стар немале никакво формално музичко образование, Пол смета дека тоа била нивна предност, бидејќи „Битлси“ заедно учеле, од нула, како да компонираат, да свират и да снимаат музика.

Пол Мекартни со синот и сопругата на Џон Ленон/Profimedia

– Кога ќе погледнам на тие денови, ама од перспектива на обожавател, си велам: „Колку бев среќен што го запознав непознатото момче од автобусот и тоа ја свиреше истата музика како мене“. Ние подоцна се зближивме и кога работевме постојано се надополнувавме. Бевме како јинг и јанг – завршува Макартни.

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....