8.8 C
Скопје
11:14 - 1 април, 2026

Овој сопственик на ресторан наплаќа влез во објектот: Гостите не се жалат, а причината за оваа одлука е позната и на нашите угостители

Сопственикот на ресторанот воведе плаќање на влезница во објектот за секој гостин што ќе дојде да јаде, освен ако не се работи за деца.

Влезницата чини три евра, а причината е драстичниот раст на сите влезни трошоци – од намирници до енергија.

Фото: Unsplash

Хорст Ингендорн, сопственик на ресторан во германскиот град Ретингер, изјави за „WDR“ дека немал избор.

„Месото е поскапо за 30 до 50 отсто, зеленчукот 30 отсто. Маслото за пржење поскапе за повеќе од 100 отсто, а трошоците за енергија за 2.000 отсто. Во еден момент ја  повлеков рачната  и реков дека мора да направам нешто сега. Наместо да го сменам менито и да ја зголемам цената на водата и другите услуги, решив да ги воведам тие три евра“, објаснува германскиот угостител.

Веќе три недели гостите на ресторанот „Рејнџер“ мораат да платат паушал наменет за ублажување на дополнителните трошоци.

Фото: Unsplash

„Гостите со кои разговарав го разбираат тоа и мислам дека отвореноста и искреноста се всушност прилично добри“, изјави Ингендорн за „WDR“.

 

 

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....