10.2 C
Скопје
04:20 - 27 април, 2024

Откриено: Ова се последните зборови на Ејми Вајнхаус!

На само 27 години по долга и мачна битка со дрогата и алкохолот, во 2011 година почина Ејми Вајнхаус, поп пејачката со волшебен глас, која прерано го напушти овој свет, поради проблемите со зависноста. 

Ејми почина во својата куќа во Камден во северен Лондон, а токму таа вечер ја посети докторка, која сега ги открива последните зборови на славната пејачка, пренесува Мирор.

Докторката Кристина Ромет разговарала со Ејми вечерта пред таа да почине, а за време на истрагата откриено е дека пејачката признала како повторно почнала да пие, откако имала период на долга апстиненција. 

Наводно, пејачката ја знаела сериозноста на својата состојба и ладнокрвно пред смртта и рекла да докторката: „Не сакам да умрам“.

Докторката раскажа дека на пејачката ѝ бил препишан лекот Либриум, кој требало да ѝ помогне на Ејми за полесно да се носи со последиците од одвикнување од алкохолот.

 – Таа беше една од најинтелигентните млади жени кои некогаш сум ги сретнала. Беше одлучна дека ќе направи се како што треба, вклучувајќи ја и терапијата. Имаше многу строги погледи на тоа –  вели докторката

Опишувајќи ја состојбата во која била пејачката,  односно последните моменти пред да го напушти овој свет,  докторката реече дека Ејми делувала „смирено и се однесувала како да чувствува некоја вина“.

Иако била малку пијана, сепак Ејми била свесна и можела нормално да разговара. 

Докторката додава дека Вајнхаис и признала дека започнала повторно да пие на 20 јули, само три дена пред да почине.

На прашањето дали планира повторно да престане со пиењето, Ејми рекла дека не знае.

Советите кои ѝ ги давав за време на долгиот период беа во пишана и во говорна форма. Ѝ зборував за сите дејства кои ги има алкохолот, вклучувајќи ја и респираторната депресија, срцевите проблеми, како и проблемите со плодноста и црниот дроб  – раскажува докторката.

По смртта на пејачката, на судот беше соопштено дека Ејми имала 416 милиграми алкохол на 100 милилитри крв, а тоа е многу повеќе од 350 милиграми, што се смета за фатална количина, која веднаш доведува до смрт. 

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....