13.8 C
Скопје
09:47 - 24 април, 2024

Операција „Рубикон“: Како Југославија ја открила наjголемата шпионска афера во историјата

Во операцијата „Рубикон“ западните тајни служби со децении го шпионирале половина свет. Тоа пред извесно време го открија новинарите, но сè уште многу детали се непознати. Југославија исто така била на мета, но безуспешно. Тајните служби на САД и Западна Германија во тајната операција „Рубикон“ со децении шпионирале 130 земји и Обединетите нации.

Шпионирањето е задача на тајните служби. Но оваа операција се издвојува по тоа што германската БНД и американските ЦИА и НСА биле тајни сопственици на фирмата „Крипто АГ“ со седиште во Швајцарија. Манипулирале со уредите за шифрирање, кои информативните служби ширум светот ги набавувале за големи пари со уверување дека купуваат безбедни машини од неутрални земји, пишува Дојче Веле.

Така, покрај вредните информации, овие тајни служби со измама заработиле милиони, а можеби и милијарди.

Иако аферата неодамна беше откриена од германските и швајцарските јавни радиодифузини сервиси ЗДФ и СРФ и американскиот Вашингтон пост, многу прашања останаа неодговорени: Кој од политичарите беше вклучен во ова? Кој го лажел својот парламент? Што е со заработените пари? И како влијаело ова знаење на историјата во втората половина на дваесеттиот век.

Засега никој од вклучените актери, кои се сè уште живи, не сака да зборува. Единетвено Бернд Шмитбауер, германски канцелар во времето на Хелмут Кол, потврдил дека операцијата „Рубикон“ постоела и рекол дека придонела „светот да биде посигурен и помирен“.

Profimedia

Како воопшто излегоа во јавност документите?

Сè почнало во септември 1999 година на еден состанок на ветераните на западните тајни служби во Берлин, стари пријатели и познаници од времето на Студената војна. Учесниците на состанокот биле горди што со децении управувале со најголемата историска шпионска операција. Станува збор за операцијата која најпрво била нарекувана „Ризница“, а потоа во доцните 80-ти „Рубикон“.
Местото на средбата било Тојфелсберг (Ѓаволски рид), поранешна шпионска станица која во текот на Студената војна, американските служби за безбедност ја користеле за пресретнување на непријателските радиокомуникации.

Штета би било прказната за таков успех да не се сочува за потомството, па така тајните агенти одлучиле да направат завршен извештај, некој вид хроника за таа операција. Американскиот извештај под име „Минерва“ и германскиот под име „Рубикон“, имаат вкупно 280 страници.
Пред две години тој извештај го добил Питер Милер, автор на документарецот за тајните служби за втората програма на германската телевизија. Потоа новинарите ги вклучиле колегите од Швајцарија и Америка и долго ги проверувале материјалите пред да ја објават приказната на 11 февруари годинава.

Југославија открила измама

Се испоставило дека западните тајни служби го имале цел свет на дланка, а главниот ривал, СССР, ниту пак Кина, не биле меѓу купувачите на уредот за шифрирање на фирмата „Крипто АГ“. Сепак, Југославија скоро од почеток се наоѓа на списокот на фирми-купувачи и била една од најдобрите муштерии. Истовремено била важна мета на шпионирање.

Во извештајот на ЦИА се гледа дека Југославија уште во 1957 година купила 121 машина за шифрирање од типот CX 52. Во извештајот на БНД се наведува дека Југославија тогаш купила само стари механички крипто уреди, кои ЦИА и НСА најверојатно можеле да ги пресретнат.
Некаде околу 1978 година Југославија за повеќе од 100-тина илјади швајцарски франци купила голема количина тогаш современи електронски апарати од типот МСС-314 за војската, кои секако биле манипулирани. Но, Југославија имала и свои стручњаци и измамата била брзо откриена.
Уредите за Југославија ги манипулирал БНД. Конкретно, транспарентниот алгоритам кој ЦИА и БНД можеле да го прочитаат е измислен од вработен потпишан со „С.“.

Profimedia

– „С.“ користел шема за синхронизирање однапред за уредот да биде читлив. Но, германската шема била премногу транспарентна, па неколку купувачи, меѓу кои Југословените и Австријците, ја откриле читливоста на машината – се наведува во американскиот извештај.

Луѓето од ЈНА барале од „Крипто АГ“ да им прати специјалист да го поправи уредот, инаку ќе ја откриеле тајната. Поради тоа, врвот на „Крипто АГ“ одржал итен состанок. Еден месец подоцна, Бруно фон Ах, инженер кој не бил упатен во манипулирањето, ниту знаел кои се вистинските сопственици на фирмата, летал за Белград и открил дека уредот може да се направи нечитлив, односно безбеден. После тоа Југославија повеќе не била тема во „Крипто АГ“, додека не почнала војната во 90-тите. Бруно фон Ах во интервју за СРФ рекол дека тогаш дошле луѓе од управата и го прашале какви уреди ѝ биле продадени на Југославија. Тогаш му станало јасно за кого работи. Се обидувале да ја прислушуваат ЈНА, односно српската страна која ја наследила опремата, ама тоа не им успевало.

Шпионирањето траело до пред две години?

Швајцарската телевизија во врска со „Рубикон“ наведува дека шефот за развој во фирмата (во извешатите потпишан како „Ф.“), откако го отпуштиле, на властите во Берн им пријавил дека во „Крипто АГ“ се манипулираат уредите. Не подоцна од 1978 година, швајцарските власти занеле за што се работи.

Операцијата „Рубикон“ најмногу била загрозена кога инженерот на „Крипто АГ“, Билер, бил уапсен и девет месеци бил во затвор во Техеран. Набрзо, тогашниот шеф на БНД, Конрад Порцнер, јасно му дал до знаење на директорот на ЦИА, Џемс Вулсиј, дека операцијата повеќе нема поддршка од политичкиот врв на Германија. БНД во септември 1993 година им го продал уделот на Американците во „Крипто АГ“ за 17 милиони долари. Германците биле незадоволи што морале да прекинат така успешна операција која ЦИА ја продолжила без нив, наводно се до 2018 година.

Засега никој не одговарал

Информациите за операцијтаа „Рубикон“ ги пренесоа медиумите ширум светот, но изненадува малиот број реакции, пишува српски Телеграф.

„Благодарение на американските санкции, „Крипто“ не ни продал ништо во последните 25 до 30 години. Санкциите имаат и добри страни, тоа е една од нив“, изјавил Мохрамед Зариф, ирански шеф на дипломатија.

Единствено во Швајцарија се случил вистински политички земјотрес. Истражниот одбор на Парламентот најверојатно ќе се занимава со прашањето кој е договорен за политиката кога и што знаел за активностите на „Крипто АГ“. Судството покренало истрага, а наводно швајцарските банки проверуваат дали „Крипто АГ“ манипулирал и со нивните шифрирни факс-машини. Во прашање е доведен неутралниот имиџ на Швајцарија, од кој оваа алпска земја со децении профитира.

How the CIA read secret communications of friends and foes for almost 50 Years

Слични објави

Шокантна изјава на Канје Вест: Со оваа славна жена сака да има тројка

еспресо

Астропрогноза за среда, 24 април: Неодоливост за Лавовите, нови сојузници за Рибите

еспресо

Крајот на април ќе израдува три хороскопски знаци: Еве кои се среќниците

еспресо

(Фото) Прво огласување на Кејт Мидлтон по долго време: Еве што сакаше да порача принцезата

еспресо

(Фото) Јелена Ѓоковиќ мами воздишки во Мадрид: Ќе ве заболи глава кога ќе дознаете колку чини накитот кој го носи!

Еспресо

„Не знам како ќе заврши ова“: Марија Шерифовиќ ја откри причината зошто ја нема во „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо
Се вчитува....