Доколку луксузниот одмор е нешто што во моментов ви е најпотребно, имаме вистинска понуда за вас…
„Six Senses Yao Noi“ одморалиштето, сега во својата понуда има реновирана премиум еднособна вила, наречена „The View“ која ви е достапна 365 дена во годината. Верна на своето име, оваа вила нуди панорамски поглед на заливот „Phang Nga“ и е идеално место за парови и семејства.
Замислена како простор за прослави, оваа ултра пространа вила има 225 квадратни метри и содржи инфинити базен, куќичка покрај базенот, приватно кино и трпезариски простор, заедно со мезанин и фитнес студио меѓу останатото.
Во ентериерот, вилата има тајландски стил со современи детали. Покрај тоа, таа има стаклени ѕидови кои ви овозможуваат во уште поголема мера да уживате во погледот на океанот, џунглата и водопадите.
Што се однесува на новите додатоци, тука е и водопадот кој е видлив преку стаклениот под во спалната соба, кој додека тече под креветот, им овозможува на гостите уживање во мирен амбиент и звуците на водата.
Луксузното сместување исто така нуди цела низа опции за уживање, вклучувајќи корпа за добредојде, која содржи опции за здрав појадок, како и други оброци, пловечки послужавник за во базенот, заедно со скара во трпезарискиот простор и многу други нешта… ова е вистинска оаза со сите можности.