12.8 C
Скопје
12:08 - 28 октомври, 2026

НОВА МОДНА ВОЈНА МЕЃУ ГАГА И КАРЛЕУША: Кој кого копира?

јелена карлеуша, лејди гага

Пред две години во медиумите и на социјалните мрежи се водеа жестоки дискусии за тоа дека старлетата Ким Кардашијан „на големо“ ја копира српската пејачка Јелена Карлеуша, а сега нејзините обожаватели тврдат дека истото го прави и популарната американска пејачка Лејди Гага.

Лејди Гага неодамна на својот инстаграм-профил објави интересна фотографија од авион каде веселата пејачка позира со „марама“ направена од лажни банкноти.

Обожавателите набрзо ја забележаа комбинацијата на Гага на „Инстаграм“ и се присетија дека српската пејачка Јелена Карлеуша ја носела истата „марама“ пред три години на снимањето на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ во 2018 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Како што обично се случува со бројните обожаватели на Карлеуша, фотографијата на Гага беше споделена на бројни страници, споредувајќи ја со Јелена и нарекувајќи ја „лоша копија“.

Набргу се појавија и лавина хумористични коментари под фотографијата на Гага на „Инстаграм“.

„Ајде, Гаго, можеше да земеш пооригинална идеја“, „Леле… таа навистина ја копира Јелена?“, „Имаш пари, имаш светска слава, но немаш идеи како Карлеуша“, ова беа само дел од коментарите.

Освен Лејди Гага, српските и странските медиуми порано пишуваа и за тоа дека американската старлета Ким Кардашијан ја „копира“ Карлеуша, од облека и модни додатоци па се до идеи за најразлични фризури.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by J K ⭐️❤️ (@karly_jk_1)

Тогаш се пишуваше толку многу за тоа што познатата старлета тогаш тврдеше дека не знае дека Јелена Карлеуша постои во светот додека луѓето не почнале да „кревааат прашина“ на социјалните мрежи.

„Првпат слушнав за неа кога луѓето почнаа да го споредуваат нашиот изглед – некои дури коментираа дека сум ја копирала! Затоа морав да ја „проверам“. Изгледа како многу силна жена која сака да работи и тоа е она што јас го сакам. Ја доби мојата почит“, напиша тогаш Ким.

Па, да чекаме реакција од Гага?

Слични објави

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.
Се вчитува....