11.8 C
Скопје
11:10 - 28 октомври, 2026

СЛАВЧО ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: Дождови само уште малку, следуваат повисоки температури и сонце, еве точно од кога!

– Денес времето во Македонија ќе се задржи облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд кој особено во југоисточните предели ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На повисоките планини ќе врне снег а ќе дува и умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени, вели нашиот метео прогнозер Славчо Попоски. 

Во Скопје времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 8 степени.

Според Попоски, за време на викендот ќе се задржи пооблачно време, а утре и тоа особено претпладне ќе има услови за локален краткотраен дожд. Исто така утре и тоа особено долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Температурите ќе бележат тенденција на пораст и тоа под влијание на малку потопла воздушна маса од југ, и истите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени. Повеќе сончеви периоди и уште потопло време ќе имаме од понеделник, кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени.

Слични објави

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.

(Видео) Тино Костадиновски ја омажи сестра си — актерот расположен на свадбата, Влатко Миладиновски ја крена атмосферата

К.С.

Дневен хороскоп за 28 октомври: Не ветувајте повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

(Фото) Ксенија Николова се врати во маалото каде што пораснала: „Мислев дека овој парк е целиот свет“

К.С.

Реља првпат проговори за венчавката со Николија: Откри кој го направил првиот чекор кон бракот

Еспресо
Се вчитува....