Гостите во хотел на Малдиви спијат на мрежи над океанот и под ѕвезденото небо за 325 фунти (околу 350 евра) за ноќ.
Хотелот „Гранд парк Кодипару“ на Малдивите на своите гости им нуди специјална можност, а тоа е да се одмораат или да спијат на мрежи поставени над океанот и под ѕвезденото небо.
Секоја од 120-те вили има „мрежест кревет“, а изнајмувањето на вила за една ноќ е 325 фунти.

Во вилите се наоѓаат и вистински кревети, така што гостите не мора да спијат на отворено.
Секоја вила има надворешен и внатрешен туш, минибар и пристап до океанот.