Не се согласуваме, но ајде да го слушнеме што вели…
Една од најомилените холивудски фаци Бред Пит, повеќе не е толку омилен…
Така барем вели тој во новото издание за магазинот „GQ“.
„Главно сум зад камерите, се бавам со продукција, а се помалку и помалку сум пред камерите. Милам дека ова е игра за млади мажи. Не се пишуваат улоги за постари мажи, но, мислам дека играта е таква и ќе продолжи. Природна селекција, тоа е тоа“, изјави Бред Пит.
Актерот вниманието на светската јавност го доби во 1991 година во филмот „Телма и Луиз“ и од тогаш не престана интересот за него. Дали тој е Ахил или господин Смит, акционен или романтичен јунак, Бред е Бред, така да не веруваме дека „оваа игра повеќе не е за него“ и дека некој не го сака…
Последното остварување во кое играше е „беше еднаш во Холивуд“ на Квентин Тарантино, режисерот кој исто така изјави дека е „време да заврши со филмовите“.
БОНУС ВИДЕО: