-1.2 C
Скопје
08:26 - 19 февруари, 2026

НАЈГОЛЕМАТА ЉУБОВ ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Милена Дравиќ и Драган Николиќ ги поврзал филм

Многумина велат дека таквите љубови никогаш не завршуваат и дека нивната сè уште живее низ се што правеле и кажале еден за друг.

Милена Дравиќ и Драган Николиќ ги поврзал филм. Тие се запознале на снимањето на „Horoskop“ во 1969 година, а две години подоцна, во последните денови од декември 1971 година, двајцата се венчале, за време на снимањето на филмот „Kako su se volele dve budale“.

„Во Звездарска шума ја снимавме претставата на Душко Радовиќ – „Kako su se volele dve budale“. На паузата за ручек со Драган скокнавме до општина Врачар да се венчаме. На пат кон Општината ни се придружи Сека Саблиќ. Таа и Драган беа добри пријатели, се дружеа уште од „ФДУ“, каде беа во иста класа. Кога официјално станавме брачен пар, отидовме на ручек. Потоа се вративме во Опсерваторијата во Звездара и продолживме со снимањето како ништо да не се случило. Интересно е што немаме никакви фотографии од свадбата, никој не не фотографираше“, изјави во една прилика Милена.

Нивната љубов траеше цели 45 години, до смртта на Николиќ, која таа не ја преболи до последниот ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljudi bez amova (@ljudibezamova)

Драган секогаш зборуваше за Милена на посебен начин и се чинеше дека од ден на ден се повеќе ја сака.

„Кога ѝ пријдов, имав впечаток дека е девојка од околината која ја познавам цел живот. Токму тоа е нејзината вистинска големина. Ме освои со својата непосредност и нормалност“, изјави покојниот Драган Николиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @foto.nostalgija

ЈУГОНОСТАЛГИЈА: Антологија на љубовта меѓу Габи Новак и Арсен Дедиќ

Слични објави

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.

(Фото) Итно огласување на Андрија Милошевиќ: Актерот жртва на голема измама, ангажирал и адвокат

Еспресо
Се вчитува....