18:01 - 5 ноември, 2026

ПАРИТЕ ГИ СТАВАЛА ВО ЏЕБ? Хуманитарната организација на Наоми Кембел под истрага

Наоми Кембел е под истрага на надлежните органи, кои утврдиле дека манекенката се расфрлала со пари собрани за хуманитарни цели.

Една од најпознатите манекенки на сите времиња, Наоми Кембел, во 2005 година основа добротворна организација наречена „Fashion For Relief“. Нејзината фондација моментално е под истрага поради сомневања декa не се управувало правилно со финансиите, пренесува „The Guardian“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Наоми ја основа организацијата со цел да собере пари за децата кои живеат во сиромаштија и лоши услови ширум планетата. Наводно манекенката успеала да собере милиони за добротворни цели, сето тоа преку ревијата од хуманитарен карактер што се одвива секоја година.

Но, сега се истражува дали Наоми и нејзините соработници навистина ги почитувале регулативите на законот за добротворни цели. Кембел наводно успеала да го „спаси светот“ со модна ревија во Лондон, но на јавноста сè уште не ѝ е познато колку пари успеала да собере вечерта. Во извештаите кои подоцна беа објавени пишува дека собрала 1.722.000 фунти, и тоа во најголем дел, повеќето од овие извори од спонзори.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

По пресметката и разгледувањето на документацијата и извештаите, констатирано е дека 1,606,000 фунти отишле за организирање на хуманитарен настан, маркетинг и слични трошици. Се чини, според оваа сметка, само 5,515 фунти навистина отишле во хуманитарни цели.

Слични објави

„Знаењето ве прави добар лекар, но човечноста лекар на кого пациентите му веруваат“: приказната за амбицијата, посветеноста и човечноста на д-р Марио Јакимовски, специјализант на Клиниката за хематологија

Еспресо

Слоба Радановиќ доби навредлив коментар, па веднаш возврати: „Не си ти за оваа музика!“

Еспресо

Искуство на пациент на Клиника „Жан Митрев“: Средба што зборува за доверба, благодарност и живот

Еспресо

„Има денови кога сè на светот е насмевката“: Сопругот ја освојува Ивона Јо со комплименти

Еспресо

Ништо повеќе не ве радува, иако животот ви изгледа нормално? Што е анхедонија и како да ја препознаетe

К.С.

Емина Јаховиќ проговори за бившиот и разводот: „Немам желба да ја запознаам новата сопруга на Мустафа“

Еспресо
Се вчитува....