05:23 - 12 март, 2026

НА 17 ФЕВРУАРИ ПОЧНА НОВА ЕРА ВО МУЗИКАТА: Светот се запозна со звуците на „AC/DC“, роден е фронтмен на „Green Day“…

Денешниот ден, 17 февруари, ќе остане запaметен по неколку интересни настани кои оставија голем белег во музиката сè до денеска.

На 17 февруари низ историјата, како на балканската, така и на светската музичка сцена, се случија некои работи кои засекогаш ја променија оваа уметност, но да почнеме со ред:

1964 година – Роден е Давор Гобац, основач и фронтмен на познатата панк рок група од Загреб – „Психимодо поп“.

1967 година – Славната американска рок група „Jefferson Airplane“ го објави вториот студиски албум „Surrealistic pillow“, кој го одбележаа вечните хитови – „Somebody to love“ и „White rabbit“.

1972 година – роден е Били Џо Армстронг – гитарист и главен вокал на групата „Green day“, која важи за една од најдобрите и најпознатите групи од деведесеттите години од минатиот век.

1973 година – Во студиото на „Југотон“ во Загреб е завршено снимањето на хит песната од дебитантскиот албум на Јосипа Лисац – „Дневник љубави“. Според бројните оценки, овој албум се смета за еден од најдобрите домашни рок-дебија во историјата и како прв албум кој го изедначува домашниот рок со врвната светска продукција.

Фото: Инстаграм

1975 година – објавен е дебитантскиот албум на австралиската хард рок група „AC/DC“ – „High Voltage“. Со обработката на „Baby, please don’t go“ и седум авторски песни кои ги напишаа легендарните музичари Ангус Јанг, Малколм Јанг и Бон Скот, светот се запозна со карактеристичниот звук на една од најдобрите рок групи. Албумот сепак не постигна некои посебно добри резултати, но со него започна кариерата на еден од најуспешните и концертно најатрактивните хард рок бендови на светско ниво.

1976 година – „Asylum Records“ ја издаде првата компилација на американската рок група „Eagles“ под назив – „Their Greatest hits“, која содржи десет песни помеѓу кои се хитовите „Take it easy“, „Witchy woman“ и „Desperado“.

1978 година – Англиската поп-рок пејачка и авторка Кејт Буш го објави дебитантскиот албум  „The Kick Inside“.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....