-0.2 C
Скопје
07:48 - 19 ноември, 2024

КАКО ДА НЕ СЕ ЗДЕБЕЛИТЕ ЗА ПРАЗНИЦИТЕ: Сочувајте ја линијата и здравјето со овие три важни совети од стручњаци!

Пред нас се новогодишните и божиќните празници, а она што тие го носат покрај празничното расположение и веселба е богата трпеза, но и опуштање кога станува збор за јадење и пиење. Ова може да резултира со здравствени проблеми, но и со вишок килограми.

unplash

Ако сакаме да се чувствуваме лесно и по празниците и да ги врзуваме ремените на истата дупка, треба да водиме сметка што и како јадеме од храната во деновите на прославите, но и да не ги поминуваме излежувајќи се.

Богатата празнична трпеза ги привлекува и оние кои не се гурмани, па тешко е да се одолее на разните специјалитети кои се на неа.

(РЕЦЕПТ) БОЖИЌНО ДРВО: Посебна чоколадна торта со долга традиција

А кога на тоа ќе додадеме „добра чашка“ , постои можност да ја дочекаме средината на јануари со некој килограм вишок, но и со потенцијални здравствени проблеми кои можат да бидат предизвикани од прекумерното внесување на калорична храна.

За волја на вистината, сите со нетрпение ја очекуваме празничната трпеза, а многумина се прашуваат како да ја смират желбата за храна и да не претеруваат.

– Факт е дека ако јадеме просечно мени за новогодишната вечера или божиќниот ручек, ќе внесеме помеѓу 3.500 и 5.000 калории по оброк – вели нутриционистката Бранка Мирковиќ.

Таа објаснува дека тоа се потребите на возрасен човек за два дена, кои, а како што покажува праксата, повеќето ги внесуваат за само три до четири часа во деновите на празнување.

– Ако имате среќа да немате никакви здравствени проблеми, од прекомерниот внес на храна може да имате само проблем со варењето кој може да потрае и неколку дена. Оние кои имаат здравствени тегоби сигурно ќе ја влошат својата здравствена состојба. Некои пак, дури после прославите отркиваат дека имаат здравствени проблеми. Килограмите се проблем, но сигурно помал од оној кој може да го имате со здравјето – објаснува нутриционистката.

Таа објаснува како да уживате во празничните специјалитети, а сепак, да немате здравствени проблеми.

unpash

Ставете си во чинијата само еднаш

Руската салата или мимоза салата, предјадењата полни со павлака, сувомеснатите производи, сирењата, пецивата, домашните пити…секогаш се само увертира пред главното јадење.

Одберете туршија, кисела зелка, цвекло, наместо салата со павлака и мајонез. Ако толку не можете да одолеете ма мрсните салати, земете од нив само лажица. Најдобро е целото предјадење да го ставите во една мала чинија и никако да не додавате зашто постојаното додавање на храна во чинијата е најголем проблем.

Слатките оставете ги за подоцна

Нутриционистката наведува да се одлучите за помала количина јадење ако сакате да пробате од се по малку што е на масата/

Сармите, печењето, разните додатоци..Ситните колачиња и тортите се исто така вистински предизвик. Не ги јадете веднаш по обилниот оброк. Оставете ги за подоцна. Бидете внимателни и со алкохолот, бидејќи и тој дебелее, а и ви го отвора апетитот. Пијте умерено, внимавајќи постојано да пиете големи количини вода. Изберете нискокалорични пијалоци како бело вино или шампањ, но секако не претерувајте. Бидете умерени во количината на храна и пијалоци, бидејќи најмногу калории се внесуваат ако јадете одеднаш од се што ви се нуди. Реченицата „само да пробам“ е измама – потсетува нутриционистката Бранка Мирковиќ во разговорот за „телеграф.рс.“

ПРАЗНИЧНА МАГИЈА НА ТРПЕЗАТА: Неодоливи идеи и рецепти од Сузана Аврамоска

Шетајте или џогирајте

Експертите советуваат дека е важно за време на празниците да одите на прошетка, односно да не ги поминувате само во излежување.

– Покрај тоа што ќе внимаваме што ќе јадеме, треба да внимаваме празниците да не ги поминуваме лежејќи пред телевизор или компјутер – вели за „телеграф“ фитнес инструкторот Бранко Стефановиќ.

Според него, доколку не вежбате и не одите во теретана, важно е да воведете редовни прошетки или лесно џогирање.

– Прошетајте и пешачете најмалку 10.000 чекори во текот на денот, кои можете да ги измерите на повеќето мобилни телефони. Можете исто така да уживате во лесно џогирање наутро и навечер. Поволно ќе влијае на вашето тело, а од голема помош ќе биде за да ја одржите телесната тежина и ќе се чувствувате добро по празниците – советува Стефановиќ.

ПЕТ „ДЕБЕЛИ“ ЛАГИ ЗА ПРАЗНИЧНОТО ДЕБЕЛЕЕЊЕ: Колку килограми навистина „лепиме“ за Нова година и Божиќ

Слични објави

(Фото+видео) „Навечер се будам и плачам“: Никол Кидман призна дека често размислува за смртта!

Еспресо

(Видео) Семејната идила на Каќа Живковиќ: Се сликала во кревет, а покрај неа најсаканата личност!

apostolova

Телохранителот на Аркан со шокантно тврдење: „Еднаш ѝ удри шамар на Мира Шкориќ“

Еспресо

(Видео) Дали е ова можно? Српската пејачка среде настап го полева задникот со вода, а има само 20 години!

Еспресо

Се пиело шампањ за сите пари: Српски милионер потрошил 60.000 евра за време на настапот на Цеца во Дубаи

Еспресо

(Фото) Ѕирнете зад ѕидовите на вилата на Карлеуша од 2,5 милиони евра: Рајска градина, базен и електрична ограда

Еспресо
Се вчитува....