12.8 C
Скопје
00:59 - 30 април, 2024

И СЕКСОТ ИМА БИОРИТАМ: Кажи ми колку е часот, ќе ти кажам колку сум запалена…

Сексолозите утврдиле дека еден од најважните фактори е периодот од денот во кој луѓето ќе одлучат да имаат сексуални односи со партнерот.

Затоа, пред да тргнете во играта на заведување, погледнете на часовникот и видете колкави ви се шансите за што подобро доживување.

6-8 часот наутро

Ако сакате да тргнете во акција од 6 до 8 часот наутро, треба да бидете подготвени на фактот дека нејзиното тело е будно, ама сè уште е неподготвено за секс. Нивото на мелатонин е превисоко, а телесната температура не е доволно висока.

Мажите пак, од 6 до 8 часот се многу возбудени, па сексолозите тврдат дека жените во тој период не можат да очекуваат ништо повеќе од секс на брзина.

8-10 часот наутро

Ситуацијата се менува од 8 до 10 часот, кога жената е веќе будна и подготвена. Нивото на ендорфин расте, па не ѝ е потребно многу време да се возбуди.

Сепак, мозокот на мажот веќе е насочен кон работата, нивото на тестостерон полека се спушта и се враќа во нормала, па малку потешко е да се заинтересира за секс.

10-12 часот претпладне

Сексолозите наведуваат дека времето меѓу 10 и 12 часот е идеално за орален секс, бидејќи рецепторите за вкус кај жените се мошне изострени.

Мажот ова време го поминува во размислување, па во овој период од денот размислува за секс ама нема да направи ништо конкретно за да го оствари.

12-14 часот

Жените од 12 до 14 часот се мошне активни, но таа активност ни малку не е поврзана со сексот, па тешко ќе бидат заинтересирани за активности во кревет.

Мажоте пак, е многу расположен, но тешко дека неговата партнерка во овој период ќе биде заинтересирана да започне нешто.

14-16 часот

Овој период е најдобар за зачнување, па ако сакате да основате семејство, ова е најдобриот тајминг. Женскиот репродуктивен систем во овој период е најподготвен за зачнување, додека семето на мажот е најквалитетно околу 16 часот.

16-18

Повеќето жени не можат да водат љубов меѓу 16 и 18 часот, но на некои не им пречи „секс на брзина“, додека мажот е повторно – спремен за акција!

18-20 часот

Веќе од 18 часот двата пола ги фокусираат мислите на враќање на енергијата што ја изгубиле во текот на денот, така што мала е веројатноста дека некој од нив двајца не е расположен за секс.

20-22 часот

Сексолозите тврдат дека времето од 20 до 22 часот е идеално за лесна вечера и разменување нежности во кревет. Жената тогаш, по вечерата, е најпоготвена за иницијатива, додека мажт е расположен за исполнување на желбите на својата партнерка.

Машкиот и женскиот пол се на иста „бранова должина“ токму во овој период од денот.

22- до полноќ

После 22 часот телото на жената паѓа во „длабок сон“. Сексуалноста опаѓа. Мажот во тој период се чувствува поопуштен, иако уште не е поспан.

Од полноќ до 6 часот наутро

Меѓу полноќ и шест часот скоро не е можно да се оствари подобар однос со партнерот, бидејќи двајцата главно спијат и се подготвуваат за следниот ден. Освен ако претходно не сте биле на добра забава, па акцијата во кревет тукушто може жестоко да се разгори….

Слични објави

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо
Се вчитува....