8.8 C
Скопје
19:30 - 29 март, 2026

Научниците го развиваат ПРВИОТ БЕСКОНЕЧЕН ВОЗ: Неговата електрична батерија се полни со помош на силата на гравитацијата

Австралиската компанија го објави развојот на првиот „бесконечен воз“, (Infinity Train) во светот, кој никогаш нема да мора да запира за да се наполни гориво.

„Fortescue Future Industries“ соопшти дека возот ќе ја полни својата батерија користејќи ја силата на гравитацијата. Компанијата очекува да потроши 50 милиони долари за развој на возот во следните две години, пренесува Дејли мејл.

Доцнењето на овој воз би било сведено на минимум затоа што не би морал да застанува за да наполни гориво, туку би имал постојан извор на енергија.

Возот ќе работи на електрична батерија која нема да треба да се полни на конвенционален начин со вообичаена инфраструктура за полнење и наместо тоа ќе се користи гравитациската енергија на деловите од пругата кои се на надолнина. При забавување и запирање на возот ќе се генерира електрична енергија, што теоретски ќе значи дека возот нема да треба да запира за да наполни гориво.

Од австралиската компанија Fortescue Future Industries, велат дека нивниот воз ќе работи на истиот начин на кој работат хибридните електрични автомобили.

„Infinity Train“ треба да помогне во забрзувањето на трката на „Fortescue“ да постигне нето нулта емисија до 2030 година, а исто така ќе ги намали и оперативните трошоци и ќе создаде ефикасни можности за одржување.

May be an image of train, railway and text that says "GENERATES ENERGY WHEN HEAVY D L USES THAT ENERGY WHEN EMPTY"

Слични објави

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо
Се вчитува....