04:22 - 20 декември, 2025

(ФОТО) СВЕДОЧИМЕ ИСТОРИЈА: Генетски модифицирано срце од свиња беше пресадено во човек

Епа свињите полетаа…

Се случи првата успешна трансплантација на свинско срце во градната шуплина на човек се минатата недела во болница во Мериленд. Три дена по исцрпувачката седумчасовна операција, пациентот, Дејвид Бенет постариот, наводно е среќен.

„Работи и изгледа нормално“, изјави д-р Бартли Грифит, кој ја изврши операцијата, за „New York Times“.

„Возбудени сме, но не знаеме што ќе ни донесе утре. Ова никогаш претходно не било направено“.

фото: Maryland, USA, 07 January 2022 (Issued 10 January 2022). EPA-EFE/University of Maryland School of Medicine (UMSOM) / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Високо експерименталната операција се одржа како дел од последниот обид да се спаси животот на Бенет. 57-годишникот, на кого му беше дијагностицирана срцева болест опасна по живот, бил во здравствена состојба која го направила неподобен за трансплантација на човечко срце.

фото: EPA-EFE/University of Maryland School of Medicine (UMSOM) / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

„Или ќе умрев или ќе ја направев трансплантацијата. Сакам да живеам. Знам дека тоа е истрел во темнина, но тоа е мојот последен избор“, рече Бенет во изјавата објавена еден ден пред операцијата.

Во понеделникот, пациентот дишеше самостојно, иако сè уште беше поврзан со машини дизајнирани да му помогнат на новото срце. Тој може да биде исклучен од машината во вторник. Лекарите од Медицинскиот центар од Универзитетот во Мериленд рекоа дека ќе продолжат да го следат Бенет во текот на следните недели.

фото: EPA-EFE/University of Maryland School of Medicine (UMSOM) / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

За прв пат орган од генетски модифицирано животно е успешно вграден во човечко суштество без биде веднаш отфрлен. Свињата што го обезбеди срцето сместено во Бенет претрпела процес на уредување на гените со кој се отстранети шеќерот во неговите клетки што катализира брзо отфрлање на органите, според „Associated Press“. Неколку компании, вклучително и „Revivicor“, која го обезбеди свинскиот донатор на Бенет, продолжуваат со фино прилагодување на процесот на ксенотрансплантација по децении неуспех.

Операцијата во петокот, рекоа лекарите од Мериленд, беше научно откритие со потенцијал да обезбеди надеж за голем број тешко болни пациенти.

„Важно е да се задржи перспективата. Сепак, препораките за етички политики за овие видови процедури сè уште се во фаза на развој, и може да поминат години пред третманот да созрее од фазите на клиничкото испитување и да стане вообичаена употреба.

фото: EPA-EFE/University of Maryland School of Medicine (UMSOM) / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Слични објави

Ова се двете работи кои Здравко Чолиќ ги сака пред настап

E.A.

Јована Јеремиќ јавно му се обрати на новото момче: Објави фотографија и најави соочување – „Првпат очи в очи“

E.A.

Мегапопуларниот пејач со сопругата и децата се вселува во нова куќа: Слоба Радановиќ и Јелена поставија 3 елки и голема ѕвезда пред својот дом

E.A.

Ќерката на Дино Дворник по долги години ја откри семејната тајна: : „Татко ми се враќаше дома без пари, станот беше распаднат“

E.A.

Конечно призна! Еве што Јелена строго им забранува на своите ќерки, особено на Атина – ова ќе ги шокира сите

Еспресо

(Фото) Сопругата на Милош Биковиќ сподели бајковита сцена: Синот Василиј ужива во новогодишната магија во домот

Еспресо
Се вчитува....